Ученици од ООУ „Љубен Лапе“ од Скопје во посета на Кабинетот на претседателот Пендаровски

14 октомври 2022 | Соопштенија

Ученици од ООУ „Љубен Лапе“ од Скопје денеска го посетија Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, во рамки на активноста Отворен Кабинет.

Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со претседателот Пендаровски, да присуствуваат во просториите неменети за официјални и работни средби, како и во салите во коишто се реализираат состаноци, прес-конференции, седници на Советот за безбедност, предавање на акредитивни писма од странски амбасадори, како и свечености.

Во мозаик салата учениците го разгледаа и се запознаа со симболиката на импозантниот диптих „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“, дело на еден од најзначајните современи македонски уметници, академик Глигор Чемерски. Од вработените во Кабинетот беа информирани за историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот на Претседателот, како и за начинот на функционирање на оваа институција.

Отворен Кабинет е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, во чиишто рамки се реализираат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски. Досега Кабинетот го посетиле граѓани од различни возрасти и професионални области, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта од земјава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со Јури Ким и Џим O’Брајан од американскиот Стејт Департмент

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со Јури Ким, заменик помошник државен секретар за Европа и Евроазија и Џим O'Брајан, раководител на канцеларијата за координација на санкции...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации

Обраќање на претседателот Пендаровски на Генералната дебата на 78. Генерално собрание на Обединетите нации

Почитуван Претседател на Генералното собрание, Почитувани шефови на држави и на влади, Почитуван Генерален секретар, Дами и господа, Ми причинува особена чест и големо задоволство, во име на граѓаните на Република Северна Македонија, да се обратам од говорницата на...

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол

Претседателот Стево Пендаровски вчера во Њујорк оствари билатерална средба со претседателот на Република Кореја, Јун Сук-Јеол. На средбата, која е прва средба на ниво на претседатели на држави, беше изразен интерес и подготвеност за истражување на правците за...

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Претседателот Пендаровски во посета на Њу Џерси

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на работната посета на Соединетите Американски Држави, по повод учеството на Генерално Собрание на Обединетите Нации, вчера го посети Њу Џерси. Во придружба на сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, претседателот Пендаровски го...

Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации

Претседателот Пендаровски ќе се обрати на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации

Претседателот Стево Пендаровски, денеска – 22 септември 2023 година, петок, ќе се обрати на Генералната дебата на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации, што се одржува на тема „Обнова на довербата и повторно стартување на глобалната солидарност: Забрзување на...