Отворен кабинет со деца од Детската градинка „8 Април“ и основци од скопските училишта „Димитар Македонски “, „Киро Глигоров“ и „Кузман Јосифовски-Питу“

27 февруари 2024 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија деца од Детската градинка „8 Април“ од Шуто Оризари и ученици од основните училишта „Димитар Македонски“ од Аеродром, „Киро Глигоров“ од Центар и „Кузман Јосифовски-Питу“ од Кисела Вода.

За време на престојот посетителите имаа можност да се сретнат и поразговараат со претседателот Пендаровски, а ги посетија и просториите во коишто се одвиваат официјалните и работните средби, како и салите во коишто се реализираат состаноци, свечености, настани и прес-конференции. Во Мозаик салата ги разгледаа мозаиците „Македонија – светла земја“ и „Македонија земјата памети“ изработени од академик Глигор Чемерски.

Вработените во Кабинетот ги запознаа со историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот и со начинот на функционирање на институцијата.

Отворен Кабинет во континуитет овозможува граѓани од различни возрасти, професии и занимања, студенти од земјава и од странство, ученици од основни и средни училишта, како и деца кои посетуваат предучилишни установи да остварат посета на Кабинетот и да се сретнат со претседателот Пендаровски.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...