Ученици од САД и Американските совети за меѓународно образование во Северна Македонија, во посета на Кабинетот

20 јули 2022 | Соопштенија

Во рамки на Отворен Кабинет, денеска студентите од САД и Северна Македонија кои биле на размена на студии во САД, го посетија Кабинетот на претседателот.

Македонските и американските студенти кои се дел од „YES“ програмата, заедно со претставниците на Американските совети за меѓународно образование во Северна Македонија, имаа можност да се сретнат со претседателот Стево Пендаровски и да се запознаат со надлежностите и работата на претседателот.

Американските студенти го информираа претседателот Пендаровски за програмата преку која го изучуваат македонскиот јазик, за нивните импресии од посетата на земјата и за соработката со македонските студенти кои преку „YES abroad “програмата преку престој во САД го изучуваат англискиот јазик.

Претседателот Пендаровски ја поздрави посветеноста на американските студенти при изучувањето на македонскиот јазик и култура, посакувајќи им пријатен престој во земјава.

Посетителите имаа можност да го разгледаат Кабинетот, да се информираат за историјатот на објектот, да ги разгледаат просториите каде што се одржуваат средби со домашни и странски претставници, прес-конференции, предавање на акредитиви на амбасадорите и други активности кои се дел од активностите на Кабинетот на претседателот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...