Ѓоргиевска: Потребни се поголеми напори за мотивирање и вклучување на жените во науката

10 февруари 2022 | Aктивности, Соопштенија

По повод 11 февруари –  Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, на иницијатива на сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска, се одржа панел дискусија за улогата, застапеноста и видливоста на жените во науката, како и предизвиците со кои се соочуваат.

Учеснички на панел дискусијата беа жени научнички од земјава, а свои излагања имаа професорките Јана Клопчевска, Јадранка Блажевска – Гилев и Емилија Фиданчевска од Технолошко-металуршкиот факултет, Марина Стефова од Институтот за хемија на Природно – математички факултет и Ариета Алиу, стручен наставник во тетовскиот Училишен медицински центар „Никола Штејн“.

Ѓоргиевска истакна дека родовата еднаквост и дисбалансот се сѐ уште предизвик во однос на целосен и еднаков пристап на жените и девојките до науката и учеството во неа.

„Жените обично добиваат помали грантови за истражување во споредба со нивните машки колеги. Иако тие претставуваат 33.3% од сите истражувачи, само 12 % од членовите во националните научни академии се жени. Жените сѐ уште сочинуваат мал процент од дипломирани инженери, и честопати имаат пократки и помалку платени кариери и нивната работа е недоволно застапена во научните списанија“, посочи Ѓоргиевска. Таа додаде дека постигнувањето на глобалната родова еднаквост и развојот во науката се два клучни аспекти на меѓународните цели за оддржлив развој до 2030 година.

Според Ѓоргиевска неопходно е вмрежување и поврзување на науката со бизнис заедницата со цел зголемување на иновативниот потенцијал во државата.

„Се согласувам дека едукацијата е важна, важно е да печатиме трудови и да се види колку сме направиле во областа на науката, но сепак во крајна линија, науката „пер се“ не е доволна. Сепак, конечно треба да има некаков исход од тоа што сме го работеле, односно поврзување на науката со индустријата, и изработката на оние модели, кои сме ги добиле по пат на научни методи. Мислам дека тоа е конечниот исход кој треба да го имаме“, истакна Ѓоргиевска.

Таа оцени дека е неопходно поголемо учество на жените и девојките во јавни дебати, изразувајќи надеж дека преку вакви отворени дискусии и со поголема вклученост на надлежните институции, жените и девојките ќе бидат дел од решенијата за надминување на предизвиците со кои се соочуваме.

И покрај напорите што се направени во изминатите децении за мотивирање и инклузија на жените во науката, додаде Ѓоргиевска, сепак тие сѐ уште се недоволно вклучени во науката.

Меѓународниот ден на жените и девојките во науката годинава се одбележува под мотото „Еднаквост, разновидност и инклузија: водата нѐ обединува“ и во таа насока на панелот се дискутираше за влијанието на науката во справување со климатските промени, од аспект на зачувување на водните ресурси и обезбедување пристап до чиста и безбедна вода, со цел заштита и спречување на болести.

Беа разгледани аспектите на влијанието на науката и технологијата во подобрување на квалитетот за живот, потребата од инвестирање во науката и еколошката технологија со цел изнаоѓање на решенија за подобрување на животната средина, како и за начините на кои жените научнички можат да придонесат во подобрување на достапноста на чиста вода за пиење и за хигиенски потреби.

Во дискусијата учествуваа и асистентките Марија Прошева, Ива Димитриевска,  Деспина Костадинова и магистрант Ема Стојчевска.

Ѓоргиевска ги поздрави научните достигнувања на учесничките на панелот и домашната и меѓународната соработка што ја остваруваат, додавајќи дека особено е инспиративно кога ќе слушнеме млади девојки реализирани во областа на науката.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...