По повод 8 Септември – Денот на независноста, делегација од Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија во состав од генералниот секретар на Кабинетот, Миле Бошњаковски и аѓутантката на претседателот, полковник Билјана Блажеска, оддадоа почит и положија цвеќе на вечните почивалишта на поранешните претседатели на државата Киро Глигоров и Борис Трајковски, во Алејата на великаните на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Порака од претседателот Пендаровски по повод 27 јануари, Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот
По повод 27 јануари, Меѓународниот ден за сеќавање на жртвите од Холокаустот, претседателот Стево Пендаровски ја испрати следната порака: Милионите жртви, неправди и ужасот од холокаустот нè потсетуваат на нашата заедничка историска одговорност да градиме демократски...