Обраќање на Елизабета Ѓоргиевска на презентацијата на националните наоди од меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст“

27 октомври 2023 | Соопштенија

Сопругата на претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, на Филозофскиот факултет во Скопје имаше поздравно обраќање на презентацијата на националните наоди од меѓународната ХБСЦ студија „Однесувања поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (11, 13 и 15 години) во Република Северна Македонија“, во коорганизација на Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска и Филозофскиот факултет при УКИМ.

Проф. д-р Ѓоргиевска нагласи дека резултатите од последниот циклус на оваа значајна лонгитудинална студија се клучни за расветлување на критичните аспекти на здравјето на младите и отвораат можност за уште позначаен напредок во иднина. „Истражувањето и дискусијата за овие теми останува императив, бидејќи досегашните резултати нудат длабок увид во суштината на проблемот или ако сакате, избегнувањето на проблемите во контекст на здравјето на децата и младите. Превенцијата и зачувувањето на здравјето, како и предвидувањето на потенцијалните идни состојби кои би можеле да влијаат на нивниот севкупен развој, се и натаму на врвот на листата на овие приоритети.“ – потенцираше сопругата на претседателот.

Во продолжение интегралниот текст од обраќањето на сопругата на Претседателот.

Почитувани присутни, драги пријатели,

Оваа прилика денес е од големо значење, бидејќи не само што презентира резултати од последниот циклус на студијата, која во 2022 година  одбележуваше 20-годишнина од спроведувањето на Меѓународната студија „Однесувања поврзани со здравјето кај децата на училишна возраст (11, 13 и 15 години) во Република Северна Македонија“, за чиј исклучителен придонес зборувавме минатиот пат, туку го слави и продолжувањето на нашата одлична соработка со Центарот за психосоцијална и кризна акција – Малинска, како носител на оваа извонредно-значајна лонгитудинална студија.

Минатогодишниот собир беше клучен за расветлување на критичните аспекти на здравјето на младите и верувам дека го отворија патот за уште позначаен напредок во иднина. Истражувањето и дискусијата за овие теми останува императив, бидејќи досегашните резултати нудат длабок увид во суштината на проблемот или ако сакате, избегнувањето на проблемите во контекст на здравјето на децата и младите. Превенцијата и зачувувањето на здравјето, како и предвидувањето на потенцијалните идни состојби кои би можеле да влијаат на нивниот севкупен развој, се и натаму на врвот на листата на овие приоритети.

Ќе потсетам дека животните навики на нашите деца и млади луѓе се обликувани од нивната физичка, ментална и социјална благосостојба. Како родители, воспитувачи и здравствени работници, ние мора активно да реагираме преку нудење насоки и образование усогласени со нивното однесување и развојни потреби. Средината во која живеат и функционираат младите има извонредна важност, со посебен акцент на поддршката што ја добиваат во обликувањето на нивниот начин на живот, негувањето на нивното внатрешно јас и заштитата на нивното ментално и психофизичко здравје. Без разлика дали оваа поддршка потекнува од семејството, образовното опкружување, поширокото општество од чиј дел се и нивните врсници или пак од т.н. „онлајн“ заедница,  која сè повеќе влијае на навиките на нашата млада генерација. Тема која бара осврт и настан од ваков тип, сама по себе, со оглед на комплексноста и испреплетеноста токму со секојдневниот, или со речникот на најмладите – „офлајн“ свет.

Неопходно е да се најде вистинскиот начин за тие да ги разберат последиците од штетните навики, да ја совладаат уметноста на организирање на своето слободно време и вешто да го обработат богатството на информации во нивната околина, што им овозможува да ја подобрат нивната ментална и емоционална благосостојба.

За крај, би сакала да се заблагодарам што ми ја укажавте честа да бидам дел од ова значајно заедничко патување кон посветло и поздраво утре; и воедно да ја поздравам посветеноста на оние кои неуморно работеа за да ја направат оваа студија реалност, вклучувајќи ги нашите посветени истражувачи, едукатори, лекари, психолози, социјални работници и безброј други вклучени во овој процес – архитектите на сегашноста и иднината на нашата младина.

Благодарам.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Ѓоргиевска: Потребна е зголемена будност и грижа за менталното здравје на жената без разлика на нејзината возраст, положба и статус.

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше и се обрати на панел дискусијата „Здравјето не е само физичко -Ти ја имаш силата“ што се одржа во организација на НЕОКОРТЕКС - Центар за психотерапија, психодијагностика, тренинг и едукација. Во своето...

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

Сопругата на претседателот учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција на адолесцентна бременост“

 Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на настанот „Едуцирај, ангажирај се, еманципирај: Панел-дискусија за превенција од адолесцентна бременост“ што се одржа во Eвропска куќа, Скопје. ...

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Отворен Кабинет за ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје

Во рамки на Отворен Кабинет, ученици од ООУ „Круме Кепески“ и ООУ „11 Октомври“ од Скопје, денеска го посетија Кабинетот на претседателот Пендаровски. За време на престојот, се сретнаа и...

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Обраќање на претседателот Пендаровски на одбележувањето на 30 години од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на настанот со кој се одбележува 30-годишнината од основањето на Државниот завод за индустриска сопственост.  Почитуван директор на Државниот завод, Почитувани...

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Пендаровски се обрати на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи со Франција

Претседателот Стево Пендаровски се обрати на приемот, што по повод 30-годишнината од воспоставувањето на дипломатските односи меѓу Република Северна Македонија и Француската Република, се одржа вчеравечер во Скопје. Претседателот Пендаровски оцени дека...