Проштална средба на претседателот Пендаровски со германската амбасадорка Холштајн

10 јануари 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими во проштална средба амбасадорката на Сојузна Република Германија во Република Северна Македонија, Анке Холштајн.

На средбата претседателот Пендаровски се заблагодари за севкупниот дипломатски ангажман на амбасадорката Холштајн во унапредување на партнерските односи меѓу Германија и Северна Македонија и изрази уверување дека двете земји ќе продолжат да го развиваат пријателството.

Во таа насока, претседателот изрази задоволство од неодамнешната посета на германскиот претседател Штајнмајер и посветеноста на Германија на нашиот регион, како и уверување дека интензивниот политички дијалог, економската и трговската соработка ќе продолжат и во иднина.

На средбата со амбасадорката, претседателот се заблагодари за севкупната поддршка од Германија во однос на евроинтеграциските процеси на нашата земја како и во спроведувањето на неопходните суштински реформи во однос на изградба на правната држава и борбата со организираниот криминал и корупција.

Претседателот Пендаровски ја поздрави конструктивната соработка на германската амбасадорка со македонските институции и ѝ посака успех на Холштајн во натамошната кариера.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...