Проштална средба на претседателката Сиљановска Давкова со канадскиот амбасадор, Џајлс Норман

15 јули 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска го прими во проштална средба амбасадорот на Канада, Џајлс Норман.

На средбата претседателката изрази благодарност за севкупниот личен ангажман и придонес на амбасадорот Норман во унапредување на односите и соработката меѓу двете земји и му посака понатамошен личен и професионален успех.

Во разговорот беше изразено задоволство од одличните македонско-канадски односи и беше нагласен интересот за натамошно зајакнување и динамизирање на политичкиот дијалог преку размена на посети на сите нивоа, како и за интензивирање на севкупната соработка меѓу двете пријателски држави, особено во доменот на економијата.

Посочувајќи дека Декларацијата за соработка и стратешко партнерство претставува солидна основа за понатамошен развој на соработката меѓу двете земји, претседателката ја реафирмираше нашата посветеност за зачувување на меѓународниот поредок, промовирање на демократијата, граѓанското општество и човековите права, во интерес на безбедноста и економскиот просперитет на државата.

Во разговорот, претседателката изрази благодарност за силното и функционално партнерство меѓу двете земји во рамки на НАТО Алијансата, како и за континуираната поддршка од Канада на политичките, економските и безбедносните реформи на патот кон полноправно членство во Европската Унија.

Соговорниците ја поздравија соработката на мултилатерален план, особено во рамките на Обединетите Нации, како и во Меѓународната организација за Франкофонија, како и значајната улога на многубројната и добро организирана македонска дијаспора во Канада во јакнење на севкупните врски меѓу двете земји.

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. [gallery...

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Ве известуваме дека на 31 март 2026 година, вторник, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 30 март 2026 година,...

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот...

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...