Проштална средба на претседателката Сиљановска Давкова со кинескиот амбасадор, Џанг Ѕуо

22 јули 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска во проштална средба го прими амбасадорот на Народна Република Кина, Џанг Ѕуо.

На средбата беше констатирано дека односите меѓу двете земји се на исклучително високо ниво и беше искажано задоволство од континуираните напори за интензивирање на соработката во сите области од заемен интерес.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази уверување, дека во интерес на двата народи, македонско-кинеското пријателство ќе продолжи да се развива во духот на меѓусебното разбирање и почит.

Во таа насока, беше истакнато очекување дека во периодот што следи, со заеднички ангажман, ќе бидат искористени потенцијалите за продлабочување на соработката во доменот на економијата, трговската размена, туризмот и ќе бидат отворени нови можности за зголемување на инвестициите во инфраструктурни проекти.

Во контекст на актуелните геополитички и геостратегиски состојби, соговорниците разменија мислење за надворешно-политичките приоритети на двете земји, улогата, позицијата и влијанието на Кина на меѓународен план, како и во нашиот регион.

Претседателката Сиљановска Давкова му се заблагодари на амбасадорот Ѕуо за неговиот севкупен ангажман, поддршка и придонес во јакнење на билатералните односи и му посака успех во натамошната работа.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Сиљановска-Давкова со воведен говор на панел-дискусијата на Европските демократски студенти

Претседателката д-р Гордана Сиљановска-Давкова со воведен говор ја отвори панел-дискусијата на Европските демократски студенти (ЕДС), учесници на Зимскиот универзитет на ЕДС 2026, што годинава се одржува во Скопје. [gallery...

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Официјална посета на претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ

Ве известуваме дека на 31 март 2026 година, вторник, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателот на Црна Гора, Јаков Милатовиќ. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна до 30 март 2026 година,...

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Сиљановска-Давкова одржа предавање на Правниот факултет во Загреб

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја заврши официјалната посета на Република Хрватска со предавање на Правниот факултет во Загреб, посветено на парадоксите на македонските евроинтеграции. Во обраќањето таа го оцени нашиот...

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...