Ѓоргиевска: Мора да ја негуваме грижата за менталното здравје и да го превенираме синдромот на „Burn out“

13 мај 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска учествуваше на работилницата на тема „Синдром на прегореност“ (Burn out syndrome), посветена на грижата за менталното здравје.

Целта на работилницата е подигање на свеста за менталното здравје кај младите лица, со цел полесно да се справат со предизвиците со кои се соочуваат и ќе се соочат во иднина.

Во своето обраќање Ѓоргиевска посочи дека иако месец мај е поводот за оваа работилница, вистинската причина е пандемијата која имаше огромно влијание не само на физичкото здравје, но и на психолошката и емоционалната состојба кај луѓето, предизвикувајќи стрес и анксиозност.

„Бројот на луѓе кои страдаат драстично порасна за време на пандемијата. Хроничниот стрес, изолацијата и анксиозноста водат до ментална, емотивна и физичка исцрпеност. Пандемијата предизвика индивидуални и колективни трауми, поради социјалната изолација, чувството на страв од зараза, анксиозност поради неизвесната иднина, како и емоционални шокови, тагата и болката поради загубата на блиски луѓе“, рече Ѓоргиевска.

„Често пати се вели во здраво тело – здрав дух. Но и здравиот дух мора да го негуваме, а синдромот на „Burn out“ да го превенираме.  Секогаш сметам дека превенцијата е клучна и доколку сме во можност најдобро е да ги спречиме негативните појави, истакна Ѓоргиевска додавајќи дека доколку навремено и соодветно не се адресираат овие состојби можат да имаат долгорочни негативни влијанија.

Сопругата на претседателот изрази уверување дека овие работилници, бесплатните сесии со психолози, стручните прирачници и интерактивните мапи, ќе ја променат перцепцијата во македонското општество, ќе помогнат кон отстранување на стигмата поврзана со менталното здравје и ќе им помогнат на луѓето да добијат добри и практични совети за ментална хигиена како основа за нивната добросостојба.

Ова е една од четирите работилницата кои по повод месец мај, посветен на менталното здравје, се организираат од страна на Националниот младинскиот совет на Македонија, со поддршка на Канцеларијата на претседателот на Република Северна Македонија „Млади Хаб“. Во работилницата учествуваат млади на возраст од 15 до 29 години.

 

 

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Дискусија „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи?“ во организација на ПЦПО и ИРИ

Во Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија се одржа дискусија на тема „Влијание и вклучување на гласачи: како до успешни политички кампањи? - лекции од Соединетите Американски Држави“, во организација на Претседателскиот центар за политичко...

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Пендаровски се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција“ во пресрет на 28. Самит за климатски промени

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на дискусијата „Заедничка иницијатива за климатска акција “, којашто се одржа во соработка со постојаниот претставник на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) Армен Григорјан, а во пресрет на претстојниот...

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Пендаровски го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година

Претседателот Стево Пендаровски, на церемонија во Кабинетот на претседателот, денеска го додели признанието „Успешни млади“ за 2022 година. Признанието се доделува како поттик на научноистражувачката мисла и уметничката работа на младите во нашата држава. За Најдобра...

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Панел – дискусија „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“ во рамки на 16 дена активизам против родово-базирано насилство

Под покровителство на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и во соработка со Сојуз-Национален совет за родова рамноправност, денеска се одржа панел-дискусија на тема „Вклучи се, превенирај, одговори и систематизирај“,  по повод кампањата „16 дена активизам...

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот. [gallery...