Промовирана Рамката за развој „МКД2030“ како иницијатива на претседателот Пендаровски

20 декември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на промоцијата на Рамката за развој „МКД2030“, што претставува стратешки документ кој се изготвува на негова иницијатива.

Како долгорочна визија за развојот и иднината на земјата, „МКД2030“ ги утврдува политиките, кои треба да се постигнат до следната деценија и областите во кои треба да се фокусира државата со цел напредок и подобар живот на граѓаните.

Рамката за развој „МКД2030“ е автентичен документ изработен преку консултативен процес со бизнис секторот, граѓанските организации, академска заедница и истакнати професионалци од повеќе области.

Приоритетите што ќе произлезат од „МКД2030“ ќе бидат референтната точка, според која ќе се калибрира Националната развојна стратегија 2021-2041 која како следна фаза треба да се надоврзе на „МКД2030“.

„Наша задача е да ги препознаеме виталните приоритети без кои развојот би бил невозможен, и да се вложиме во нивнa реализација. „МКД2030“ е потребно да биде остварлива. Како држава располагаме со ограничени човечки и финансиски ресурси и не треба да губиме време на прашања кои ги надминуваат нашите способности и ресурси“, потенцираше претседателот Пендаровски.

„Верувам дека реалната состојба ни е позната на сите – иселувањето на младите продолжува, пасивност на електоратот, ниска доверба во институциите, длабока поделба во општеството по повеќе основи и зголемена нееднаквост во примањата“, посочи претседателот во обраќањето.

Од овие причини, истакна претседателот, потребно е преосмислување на постулатите на нашиот економски и социјален развој и споделена визија за разојот на државата, поткрепена со национален консензус и координирани политики согласно реалните потреби и очекувања на граѓаните.

„Таквите политики мора да се остваруваат на ефикасен начин без непотребно трошење на ограничените ресурси. Затоа, уште на почетокот на мојот мандат го иницирав проектот „МКД2030“ како стратешка рамка за развој на Северна Македонија до крајот на оваа деценија. Документот ќе содржи проценка на силните страни во ресурси и човечки капитал и ќе ги утврди слабостите каде се потребни повеќе ресурси, труд и вложување“, истакна претседателот Пендаровски.

„МКД2030“ се фокусира на дигитализација, децентрализација и демократизација, преку еколошки, економски, аграрни и здравствени политики, па се до образование и наука и борба против иселувањето на младите од земјава. Со документот ќе бидат опфатени и приоритети кои не се засебни, а се однесуваат на повеќе сектори, како што се изградба на ефикасна јавна администрација, создавање еднакви можности и борба против корупцијата.

Претседателот Пендаровски се заблагодари на сите кои дадоа придонес во изработката на стрaтегијата, која треба да биде финализирана во средината на 2022 година.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на инаугурацијата на турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, 3 јуни 2023 година, на покана на турските власти, во Анкара присуствуваше на свечена церемонија на стапување на должност на претседателот на Турција, Реџеп Таип Ердоган. Претседателот Стево Пендаровски честитајќи му го новиот...

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Отворен кабинет со посетители од Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија едукатори и корисници на Дневните центри на Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „Порака“. На...

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Пендаровски го посети скопското средно училиште „Цветан Димов“

Претседателот Стево Пендаровски денеска, по повод отворениот ден, го посети средното училиштето на Град Скопје „Цветан Димов“. Претседателот имаше можност да се запознае со условите во...

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Учество на претседателот Пендаровски на Македонскиот енергетски форум 2023

Претседателот Стево Пендаровски денеска учествуваше на Македонскиот енергетски форум 2023, што се одржува во Скопје во организација на ЗИП Институтот, во партнерство со Владата на Република Северна Македонија и Делегацијата на ЕУ во Скопје, на тема „Подобрување на...

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Отворен кабинет со ученици од ООУ „Крсте Мисирков“- Куманово

Во рамки на активноста Отворен кабинет, денеска Кабинетот на претседателот го посетија ученици од ООУ „Крсте Мисирков“ од Куманово. Посетителите имаа можност да се сретнат и да поразговараат со...