Средба на претседателот Пендаровски со претставници од Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико

16 март 2021 | Средби

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими Елвис Шаќири, извршен директор и Алберт Мемети, менаџер на програмата за економски развој на Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико и претставници на граѓанското движење „Аваја“.

На средбата претседателот Пендаровски беше информиран за активностите на Ромалитико и Граѓанското движење „Аваја“, како и за предизвиците со коишто се соочуваат во реализирањето на нивните приоритети во насока на унапредување на севкупната положба на ромската заедница.

Соговорниците се осврнаа на целите, содржани во тригодишната стратегија на институтот, а кои се однесуваат на зголемување на политичкото претставување на Ромите и обезбедување добро владеење на избраните функционери, искористување на фондовите за директна поддршка на ромската заедница, остварување на правата на ромската заедница загарантирани со Охридскиот рамковен договор, канализирање на приоритетите на Ромите во националната и ЕУ агендата преку таргетирани и мејнстрим јавни политики, како и сензитивизирање на националните и локалните институции за антициганизмот. На средбата се дискутираше и за принципот за правична застапеност, претстојниот попис, предлог законот за воведување на етничка припадност во личните карти, ромскиот јазик и други јавни политики кои заслужуваат заложба од надлежните институции.

Поздравувајќи ги активностите на институтот во промовирањето на правата на Ромите во Република Северна Македонија, претседателот Пендаровски нагласи дека обезбедувањето достоинствен и квалитетен живот, на сите граѓани подеднакво, е нужен предуслов за градење стабилно и просперитетно општество. Во тој контекст, порача претседателот Пендаровски, неопходен е заеднички ангажман, одговорен пристап и максимална посветеност, на сите чинители, во креирањето политики втемелени на демократските принципи и вредности.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен, на Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 29 март 2023 година, среда, ќе биде домаќин на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен кој престојува во официјална посета на Република Северна Македонија, во придружба на неговата сопруга, Дорис...

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Конференција: Стратегија за Роми, тек и следни чекори

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија, на 6 април 2023 година, 11:00 часот, во Double Tree by Hilton Skopje ќе организира конференција со наслов „Стратегија за Роми, тек и следни чекори“ ПРОГРАМА Воведно обраќање на претседател на Република...

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Средба со претставници на Шаховска Федерација на Македонија

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими претставници на Шаховска Федерација на Македонија. На средбата беше разговарано за тековните активности на федерацијата, учеството на меѓународни натпревари, организирањето на европски...

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Средба на претседателот Пендаровски со Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Ољта Џачка, министерка за Европа и за надворешни работи на Република Албанија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата беше изразено...

Делегација од Кабинетот на претседателот  положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Делегација од Кабинетот на претседателот положи цвеќе пред Споменикот на бранителите

Генералниот секретар при Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија Миле Бошњаковски, денеска, 26 март 2023 година, оддаде почит и положи свежо цвеќе пред Споменикот на Бранителите во паркот „Жена борец“ во Скопје, во чест на бранителите, кои...