Претседателот Пендаровски и претседателот Радев во Рим заеднички ги чествуваа Св. Кирил и Методиј

27 мај 2021 | Соопштенија

Претседателите на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски и на Република Бугарија, Румен Радев денеска во базиликата „Санта Марија Маџоре“ во Рим заеднички ги чествуваа Св. Кирил и Методиј.

Претседателите Пендаровски и Радев положија свежо цвеќе пред спомен плочите во базиликата „Санта Марија Маџоре“ и заеднички оддадоа почит на делото на сесловенските просветители Светите браќа Кирил и Методиј.

Двајцата претседатели по завршувањето на церемонијата изјавија дека заедничкото чествување на Св. Кирил и Методиј во Рим придонесува за јакнење на добрососедските односи и меѓусебната доверба на двете држави и двата народа.

„Сакаме да покажеме дека и на Балканот има луѓе, има политичари кои можат да зборуваат со европски јазик кога зборуваат за нашите актуелни проблеми и предизвици, и се разбира, за нашата иднина. Во колегата Радев овие два дена најдов еден соговорник со кој можеме да разговараме на ист јазик, не зборувам тука за македонскиот и за бугарскиот јазик, зборувам за европскиот јазик, кој единствено може да донесе подобра, посреќна иднина за нашите две држави и за нашите два народи“, изјави претседателот Пендаровски, кој рече дека напредок е возможен само ако во дијалогот двете држави влегуваат еднакви.

Денеска претпладне, претседателот Пендаровски имаше аудиенција кај Поглаварот на Римокатоличката црква, Неговата светост Папата Франциск и оствари средба со државниот секретар на Светата Столица, кардиналот Пјетро Паролин. 

Претседателот Пендаровски престојува во посета на Италијанската Република и Светата Столица по повод манифестацијата „Македонија во чест на Св. Кирил“, а во Рим отпатува со државниот авион на Република Бугарија, заедно со претседателот на Република Бугарија, Румен Радев.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на претседателот Пендаровски на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност

Обраќање на претседателот Пендаровски на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност

Претседателот Стево Пендаровски вчера попладне во Њујорк се обрати на отворената дебата за одржување на меѓународниот мир и безбедност на Советот за безбедност, на тема „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на...

Претседателот Пендаровски во Њујорк на работна средба со потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел и лидерите од регионот

Претседателот Пендаровски во Њујорк на работна средба со потпретседателот на Европската Комисија Жозеп Борел и лидерите од регионот

Претседателот Стево Пендаровски во рамки на учеството на 78. Генерално Собрание на Обединетите Нации во Њујорк, вчера попладне присуствуваше на средба којашто за лидерите на земјите од Западен Балкан ја организираше потпретседателот на Европската Комисија и висок...

Претседателот Пендаровски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН

Претседателот Пендаровски ќе се обрати пред Советот за безбедност на ОН

Претседателот Стево Пендаровски, кој ја предводи македонската државна делегација на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, денеска ќе се обрати пред Советот за безбедност, на отворената дебата на тема: „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку...

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори

Претседателот Пендаровски во Њујорк оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Њујорк, на маргините на 78. Генерално собрание на Обединетите нации, оствари средба со кралот на Јордан, Абдула Втори. На средбата беше констатирано дека билатералните односи меѓу двете...

Обраќање на претседателот Пендаровски на Меѓународната конференција „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“

Обраќање на претседателот Пендаровски на Меѓународната конференција „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“

Претседателот Стево Пендаровски преку видео порака се обрати на учесниците на Меѓународната конференција „Социјалната работа и социјалната политика во време на глобални кризи“, во организација на Институтот за Социјална работа и социјална политика, што се одржува од...