Претседателот Пендаровски ги додели сертификатите на учесниците на втората Школа за политики

9 октомври 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Вила „Билјана“ во Охрид, ги додели сертификатите на учесниците на Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование, за 2022 година.

Школата се реализираше преку пет едукативни семинари во периодот од март до октомври 2022 година, со учество на еминентни предавачи и обучувачи од државата и од странство. Годинава партиципираа 35 учесници на возраст од 21 до 35 години, избрани на јавен конкурс, врз основа на нивниот интерес за активно учество во општествениот живот, професионалните квалификации и стручните постигнувања.

Претседателот Пендаровски во своето обраќање изрази задоволство што и оваа, втора генерација, ја потврдува основната цел на Школата да даде придонес во изградбата на демократско, слободно и солидарно општество.

„Уште од првата генерација се одлучивме учесниците на Школата да бидат избирани низ транспарентен и компетитивен процес, врз основа на личните постигнувања и заслуги, но и со почитување на разноликоста на нашето општество. На тој начин имаме можност да ги избереме најквалитетните кандидати, но и да дадеме можност на младите од групите коишто, за жал, се уште важат за општествено маргинализирани. Токму соработката со нив не прави особено горди“, рече претседателот Пендаровски, посакувајќи им на учесниците и понатаму да бидат активни чинители во нашиот општествен живот.

Годинашните учесници имаа можност да ги унапредат своите знаења, во областа на демократскиот развој на политичкиот систем, функционирањето на правната држава, европската интеграција, регионалната соработка, младинските политики, социоекономскиот развој и економските политики во време на енергетска криза, членството во НАТО и безбедносните закани, како и политичката комуникација во време на дигиталната трансформација, дезинформациските кампањи и лажните вести, како и потребата за поголема транспарентност и внатрешна демократизација на институциите на власта.

„Школата за политики при Претседателскиот центар за политичко образование е проект за образование и обука, но пред се платформа за општествен дијалог, кој во време на интензивни поделби и општествени конфликти е повеќе од потребен. Нејзината основна задача е да ги поврзе учесниците од различни општествени групи во потрагата кон вредности и политики кои обединуваат и поттикнуваат демократски и социоекономски развој на македонското општество”, истакна проф. д-р Александар Љ. Спасов, претседател на Програмскиот совет на Претседателскиот центар за политичко образование.

На свеченоста во името на сите годинашни учесници се обрати Кристина Станковска, која ги сподели импресиите и стекнатите искуства за време на едукативните семинари.

Школата за политики е организирана во соработка со канцелариите на фондациите и здруженијата во земјава „Фридрих Еберт“, Меѓународниот Републикански Институт (ИРИ), Фондацијата „Конрад Аденауер“, Националниот демократски институт за меѓународни работи (НДИ), Фондација за демократија на Вестминстер, Фондацијата „МК2025“ и Регионалната канцеларија за младинска соработка „RYCO“.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....