Официјална посета на претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, на Република Северна Македонија

12 јуни 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, утре – 13 јуни 2023 година, вторник, ќе биде домаќин на претседателката на Република Словенија, Наташа Пирц Мусар, која ќе престојува во официјална посета на Република Северна Македонија.

Претседателката Пирц Мусар ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести на официјална церемонија во Кабинетот на претседателот, по што ќе следува тет-а-тет средба на претседателите Пендаровски и Пирц Мусар и пленарен состанок на делегациите на Северна Македонија и Словенија.

Во рамки на посетата, во црквата „Св. Спас“ во Скопје двајцата претседатели ќе положат венци на гробот на Гоце Делчев.

ПРОГРАМА: вторник, 13 јуни 2023 година

  • 10:00 часот – Официјална церемонија на пречек со највисоки државни и воени почести
  • 10:15 часот – Тет-а-тет средба
  • 10:30 часот – Пленарен состанок на делегациите
  • 11:20 часот – Заедничка прес-конференција на претседателот Пендаровски и претседателката Пирц Мусар.

Ги покануваме акредитираните медиумски екипи во Кабинетот на претседателот во 09:00 часот.

Официјалната церемонија на пречек и заедничката прес-конференција се отворени за сите акредитирани медиуми, а ќе бидат пренесувани во живо и на дигиталните платформи на претседателот Пендаровски (Фејсбук и Јутјуб).

  • 12:00 часот (црква „Св. Спас“) – Полагање на венци на гробот на Гоце Делчев.

Ги покануваме акредитираните сниматели и фоторепортери во црквата „Св. Спас“ во 11:40 часот.

За време на официјалната посета, словенечката претседателка Наташа Пирц Мусар ќе оствари средби и со претседателот на Собранието, Талат Џафери, претседателот на Владата, Димитар Ковачевски и ќе се обрати на свечена седница во Собранието на Република Северна Македонија.

За сите дополнителни прашања и информации, претставниците на медиумите може да се обратат на Билјана Радева +389 76 45 55 45 [email protected]

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Обраќање на конференцијата „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности – Редизајнирање на макроекономската политика“

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на 9. Меѓународна истражувачка конференција на тема „Повторното актуелизирање на инфлацијата и новите геополитички реалности - Редизајнирање на макроекономската политика“ што во организација на Народната банка на...

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Меморандум за соработка за доопремување на Центарот за цистична фиброза при ЈЗУ Институт за белодробни заболувања кај децата, Козле, Скопје

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, а по иницијатива на сопругата на Претседателот, г-а Елизабета Ѓоргиевска, Амбасадата на Народна Република Кина во земјава обезбеди финансиски средства кои ќе бидат донирани на Министерството за здравство за...

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Средба со припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, денеска прими делегација на истакнати припадници на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. На средбата присуствуваа Џелал Хоџиќ,...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците

Претседателот Стево Пендаровски, по повод 28 Септември, Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитка до припадниците на бошњачката заедница во Република Северна Македонија. Почитувани, Дозволете ми, во мое лично име и во името на граѓаните на Република Северна...

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Пендаровски ги прими акредитивите на новоименуваната амбасадорка на Република Куба

Претседателот Стево Пендаровски денеска ги прими акредитивните писма на новоименуваната амбасадорка на Република Куба во Република Северна Македонија, Мариета Гарсија Хордан. На свечената церемонија на предавање на акредитивните...