Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на Советот на амбасадори

30 јули 2025 | Соопштенија

Сиљановска-Давкова денеска прими претставници на Советот на амбасадори, предводени од претседателката, амбасадорката Александра Наќева Ружин. На средбата присуствуваа и амбасадорите: Мухамед Халили, Љупчо Арсовски, Иљаз Сабриу, Тихомир Илиевски и Ивица Боцевски.

Тие изразија подготвеност за соработка и поддршка на институцијата Претседател, преку утврдувањето на надворешно-политичките приоритети, независни и стручни анализи, јавни дебати, совети и консултации за меѓународните прашања.

Беа детектирани потенцијалните области за меѓусебна соработка и понудени идеи, предлози и иницијативи, коишто би придонеле за зајакнување на надворешно-политичките капацитети на државата.

Со цел унапредување на македонската дипломатија, соговорниците ја потенцираа важноста од именување на кариерни амбасадори како прв избор, истакнувајќи го значењето на нивното искуство за соодветно и достоинствено претставување на земјава во светот.

Претседателката ги поздрави амбициите на Амбасадорите за поттикнување на професионален дијалог за прашања од национален интерес и изрази подготвеност за натамошна комуникација. Укажувајќи дека првата слика за државата е најбитна, Сиљановска-Давкова посочи дека искуството и потенцијалот што го имаат членовите на Советот може да претставува драгоцена помош во носењето на одредени одлуки.

На средбата таа ги реафирмираше заложбите за правична застапеност на жените во дипломатијата и придобивките од формирање на Регионален центар за извонредност за жени, мир и безбедност.

Соговорниците разменија мислења за македонската надворешна политика, односите со соседите, за Преспанскиот договор и членството на државата во меѓународните организации.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

Средба на Сиљановска-Давкова со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Обединетите Арапски Емирати, шеик Мохамед бин Зајед Ал Нахјан. Претседателката се заблагодари за гостопримството и за можноста...

Сиљановска-Давкова повика на изградба на демографски отпорно општество

Сиљановска-Давкова повика на изградба на демографски отпорно општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на Светскиот самит на владите во Дубаи, како главен говорник на сесија посветена на демографските промени. Говорејќи за падот на бројот на населението, посочи дека нашата држава и регионот се соочуваат со...

Сиљановска-Давкова во Дубаи се обрати на Глобалниот форум за владини регулативи и правда

Сиљановска-Давкова во Дубаи се обрати на Глобалниот форум за владини регулативи и правда

Регулативата не е само за контрола, туку станува збор за создавање предвидлив простор каде што општествената доверба може да расте, рече претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во своето обраќање на Глобалниот форум за владини регулативи и правда, во рамки на...

Интервју на претседателката Сиљановска-Давкова за МКД.мк

Интервју на претседателката Сиљановска-Давкова за МКД.мк

Треба да се апстрахираме од измислениот пат кон Брисел и да се фокусираме на европеизацијата, да се самоевропеизираме Европеизацијата не е статус, туку процес што се темели на реформи, а Македонија со години ја губи суштината фокусирајќи се на формални уставни измени...

Средба на Сиљановска-Давкова со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи

Средба на Сиљановска-Давкова со швајцарскиот претседател Пармелан во Дубаи

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на учеството на Светскиот самит на владите во Дубаи, оствари средба со претседателот на Швајцарската конфедерација, Ги Пармелан. На средбата беше реафирмирано високото ниво на...