Претседателот Пендаровски во Приштина оствари средба со косовскиот премиер Албин Курти

15 декември 2021 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски, денеска во Приштина, во рамки на официјалната посета на Република Косово, оствари средба со премиерот на Република Косово, Албин Курти.

Претседателот Пендаровски и премиерот Курти на средбата оценија дека односите меѓу двете држави се пријателски и конструктивни и во тој контекст го реафирмираа интересот за унапредување на соработката во повеќе области од заемен интерес. Претседателот Пендаровски изрази задоволство од динамиката на контакти меѓу владите на двете држави, подвлекувајќи дека истата придонесува кон градењето на добрососедските односи меѓу Северна Македонија и Косово.

На средбата беше изразено задоволство од досегашните економски релации и соработка меѓу двете држави и беа разменети мислења во однос на можностите за нивно натамошно унапредување. Во оваа смисла, претседателот Пендаровски посочи дека инфраструктурното поврзување и соработка во доменот на енергетиката, инвестициите и туризмот би требало да бидат во фокусот на двете држави во претстојниот период.

Во разговорот, претседателот Пендаровски ја повтори поддршката за евро-атлантските аспирации на Косово и нашата подготвеност за давање придонес во таа насока, оценувајќи дека како членка на НАТО, Република Северна Македонија ја поддржува политиката на отворени врати на Алијансата.

Покрај ова, соговорниците разменија мислења и во однос на дијалогот Белград-Приштина при што претседателот Пендаровски го реафирмираше ставот дека Северна Македонија ги поддржува напорите на нашите сојузници и партнери во насока на постигнување заемно прифатливо решение, кое ќе придонесе кон зацврстување на мирот и регионалната стабилност и кое ќе обезбеди можности за натамошен просперитет на целиот регион.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...