Средба со претставници на НДИ и учесници на Обуката за младинско лидерство и Самит за политики

15 јули 2024 | Соопштенија, Средби

Претседателката Сиљановска Давкова денеска прими претставници на Националниот демократски институт (НДИ) и учесниците на претстојната Обука за младинско лидерство и Самит за политики во организација на овој институт.

На средбата претставниците на Националниот демократски институт ја информираа Претседателката за нивните тековни активности во насока на поддршка и зајакнување на демократските институции и процеси во земјава, а ја запознаа и со програмскиот концепт и предвидените активности во рамки на Обуката за младинско лидерство и Самитот за политики што се одржува од 15 до 17 јули во Скопје.

Претседателката Сиљановска Давкова изрази задоволство од долгогодишната успешна соработка на НДИ со македонските институции којашто се состоеше од голем број на иницијативи и активности, при што на организаторите и учесниците им посака успешна реализација на Обуката за младинско лидерство и Самитот за политики.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Сиљановска-Давкова – Ван дер Белен: Австрија останува важен и искрен поддржувач на македонскиот евроинтеграциски пат

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска на маргините на Конференцијата на страните на Рамковната конвенција на Обединетите нации за климатски промени (COP31) во Анталија, оствари средба со претседателот на Република Австрија, Александер Ван дер Белен. Во...

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

Сиљановска-Давкова на COP31: Климатската амбиција мора да се претвори во конкретно дејствување

  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска се обрати на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија, каде што ги потврди македонските заложби за климатска акција и ја нагласи потребата од праведна транзиција кон чиста енергија. [gallery...

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Сиљановска-Давкова ќе учествува на Самитот за климатски промени (COP31) во Анталија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, денеска - 11 ноември 2026 година, среда, во Анталија, Република Турција ќе учествува на Лидерскиот самит во рамките на 31. Конференција на страните (COP31) на Конвенцијата на Обединетите Нации за климатски промени....

Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан

Сиљановска-Давкова од Парискиот мировен форум: Европа не може да биде целосна без стабилен и демократски Западен Балкан

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на Парискиот мировен форум, на панел-дискусијата „Одбрана на линијата: Суверенитет во ера на хибридни закани“.   Таа истакна дека светот се наоѓа во период на длабока...

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија, претседавач со ЕУ од јануари 2027

Сиљановска-Давкова разговараше со претседателот на Литванија, претседавач со ЕУ од јануари 2027

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, на маргините на Парискиот мировен форум 2026, оствари средба со претседателот на Република Литванија, Гитанас Науседа. Taa го поздрави денешното отворање на нашата прва резидентна...