Сиљановска-Давкова: Размената на добрите практики може да придонесе за поуспешни регионални политики за Ромите

4 јуни 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Вељко Кајтази, претставник на 12 национални малцинства во Хрватскиот сабор и делегација на Сојузот на Ромите од Хрватска „Кали Сара“, предводена од претседателката Сузана Крчмар.

Во фокусот на средбата беше положбата на Ромите, потреба од унапредување на нивните права и можностите за споделување добри практики.

Сиљановска-Давкова посочи дека Ромите се важен дел од македонското општество и значаен фактор на неговиот културен и демократски развој.

Соговорниците разговараа за предизвиците со коишто се соочуваат Ромите, особено во образованието, вработувањето и борбата против дискриминацијата. Претседателката укажа дека овие прашања бараат континуирана посветеност и заедничко дејствување на институциите, граѓанскиот сектор и претставниците ромската заедница.

Taa ја поздрави работата на Вељко Кајтази и „Кали Сара“ во афирмацијата на ромскиот јазик, културата и историјата, како и нивниот придонес во меѓународното признавање на 5-ти Ноември како Светски ден на ромскиот јазик.

Според неа, ромскиот јазик е важен дел од културниот идентитет на ромскиот народ и од особено значење е неговото зачувување и пренесување на младите генерации.

Гостите ги посочија исклучителните заслуги на г-дин Вељко Кајтази за заштита и унапредувањето на ромските права. Како еден од приоритетите го издвоија образованието на ромски јазик, како и потребата од поголема видливост на Ромите и нивен политички ангажман на сите нивоа.

„Ако Ромите не се бават со политика, тогаш таа без нив и несоодветно ќе се бави со нив“ – порача Сиљановска-Давкова, охрабрувајќи ги младите Роми да се вклучат во политиката.

На крајот, претседателката истакна дека размената на добри практики може да придонесе за поуспешни регионални политики за Ромите

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Сиљановска-Давкова се сретна со претставници на македонската дијаспора во Белгија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, оствари средба со претставници на дијаспората во Белгија. Присутните споделија свои искуства од животот и работата во Белгија, посочувајќи ја потребата од постојана комуникација и...

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Сиљановска-Давкова со европратеници во Брисел: Европската перспектива бара заемна политичка волја и конкретни чекори

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во Европскиот парламент во Брисел, оствари средба со европратениците Дан Барна (Renew, Романија), Тајс Ројтен (СД, Холандија), Матеј Тонин (ЕПП, Словенија) и Карло Реслер (ЕПП, Хрватска). ...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамките на работната посета на Брисел, оствари средба со Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Сиљановска-Давкова ја реафирмираше посветеноста на македонската држава на НАТО и...

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Средба на Сиљановска-Давкова со генерал Алексус Гринкевич, врховен сојузнички командант за Европа

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, како Врховна командантка на вооружените сили, придружена од македонскиот амбасадор во НАТО, Муртезани, и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Лафчиски, во седиштето на Врховната команда на сојузничките сили во Европа,...

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Сиљановска-Давкова оствари средба со генералниот директор на DG ENEST, Герт Јан Копман

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во рамки на работната посета на Брисел, денеска оствари средба со Герт Јан Копман, генерален директор на Генералниот директорат за проширување и источно соседство (DG ENEST). Предмет на...