Видео обраќање на претседателот Пендаровски на 50. „Октомвриски средби“ на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари

6 октомври 2023 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски преку видео порака се обрати на отворањето на јубилејните 50. „Октомвриски средби“ што се одржуваат во Охрид, во организација на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари.

Почитувани членови на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари,

Почитувани гости,

Дами и господа,

Жал ми е што поради претходно преземени обврски денес не сум во можност да бидам лично со вас, но, ви благодарам на можноста да ви се обратам и да ве поздравам преку видео порака.

Имајќи во предвид дека „Октомвриските средби“ изобилуваат со  пленарни предавања, презентации и сесии од еминентни професори, лекари и лабораториски специјалисти и техничари, каде што ќе бидат презентирани современите достигнувања во сите области на лабораториската дијагностика, убеден сум во уште едно успешно издание.

Впрочем, фактот што средбите се одвиваат во континуитет веќе пет децении е најдобра потврда за нивната релевантност. Би сакал да ја искористам оваа прилика и на Сојузот на здруженија на медицински лаборанти и санитарни техничари најискрено да им го честитам големиот јубилеј, 50 години „Октомвриски средби“ и секако да посакам уште многу години траење на оваа манифестација.

Токму преку „Октомвриските средби“ како врвен меѓународен стручен собир вие споделувате искуства меѓу себе и ја развивате соработката помеѓу колегите како во земјава, така и од регионот. На тој начин, давате придонес за унапредување на лабораториската пракса на повисоки нивоа.

Се разбира, сојузот кој обединува 1500 членови, поради самиот тој факт, заслужува почит и поддршка и за останатите свои програмски активности. Во оваа прилика мораме да ги споменеме и „Априлските средби“ кои се одржуваат во чест на светскиот ден на лабораторијата. Со севкупниот ангажман и бројните настани Сојузот суштински придонесува за понатамошно унапредување и стекнување на нови знаења на своите членови што е од витален интерес за македонското здравство и воопшто за целото наше општество.

Драги пријатели.

Како што и претходно констатирав, несомнено е големо значење на медицинските лаборанти и санитарни техничари во рамките на целокупниот здравствен систем. Благодарение на вашата професионалност, етика и посветеност имаме ефикасно спроведување на лабораториските тестови кои се неопходен сегмент во медицинскиот третман на пациентите. Вашиот, но, и воопшто придонесот на секој медицински работник во квалитетната и навремена грижа за пациентите е од суштинско значење и како таков мора да биде почитуван и вреднуван.

За време на Ковид пандемијата, лабораториските анализи беа од критична важност и вие, како и секогаш, бевте максимално ангажирани придонесувајќи во борбата со вирусот и за грижата и негата на пациентите. Впрочем, вие најдобро знаете дека борбата за животите и здравјето на нашите граѓани е секојдневие во кое нема пауза и не се дозволени импровизации. И во пандемија, и во помирни времиња, вие и сите здравствени работници сте максимално ангажирани и мобилизирани да помогнете и затоа ја имате благодарноста и поддршката на целата заедница.

Би сакал на крајот од ова мое обраќање уште еднаш да ви посакам успешни 50-ти „Октомвриски средби“, а на сите гости од странство пријатен престој во Република Северна Македонија.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...