Претседателот Пендаровски се обрати на промоцијата на проектот „Иднината почнува дома“

21 декември 2023 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски вчеравечер се обрати на промоцијата на проектот „Иднината почнува дома“, иницијатива на Дирекцијата за технолошки индустриски развојни зони (ТИРЗ) и Стопанската Комора која има за цел да поддржи индивидуалци кои се истакнуваат во своите области на делување, прават позитивна разлика и работат посветено како важни делови од обликувањето на иднината на нашата држава.

Почитувани млади,

Почитувани присутни,

Почитувани членови на Стопанската комора,

Директоре,

Секогаш ми било пријатно чувството кога го делам подиумот со млади и амбициозни луѓе, подготвени да направат позитивна промена во општеството. Посебно сум задоволен што сум сведок на создавањето на една нова иницијатива која има потенцијал, на долг рок да влијае врз обликувањето на иднината на младите кај нас.

Вашето мото „Двигатели на промени“, е совршен спој на младешката енергија и креативност и мудроста на повозрасните и поискусните, што е добитна комбинација за заеднички успех.

Денес, во време на неверојатен технолошки развој во светот, промените се единствената константа, а потребна е храброст да се прифатат новите концепти и макотрпна работа тие да се имплементираат. Овде, меѓу нас има поискусни луѓе од кои младите, идни претприемачи имаат што да научат. Во ТИРЗ имаме и странски компании кои инвестираат и имплементираат најнови технологии.

Но, нејсе, денес сум овде, за јас да зборувам помалку, а да слушам повеќе и пред се, да научам од вас младите, кои се одважуваат не само да зборуваат за предизвиците со кои се соочуваме, туку, нудат и идеи и решенија. За тоа е потребен поинаков, таканаречен out of box пристап, и исто така што е многу важно, дистанцирање од нашето секојдневие кое е преполно со дефетизам и дневна политика.

Ако зборуваме реално, од младите, не очекуваме ништо помалку од решителност и пркос кои треба да ги демонстрирате секојдневно, како контраст на општествената апатија, ендемската корупција и клиентелизмот како лоши симболи на нашето општество.

Почитувани,

Можностите за успех и развој на вашиот потенцијал мора да обезбедиме да ги имате, најпрво, дома. Вие сте и потребни на државата, но, државата и реалниот сектор мора да ви овозможат најдобри услови за вашите кариери навистина да ги градите тука. Ако Вашата иднина ја градите тука, тоа ќе биде важно за државата, за локалната заедница од која сте дел, но, и за вашите родители и најблиски. Тоа е и моја надеж како родител.

Го охрабрувам секој од вас да биде активен учесник во оваа иницијатива. Прифатете ја можноста да бидете двигател на промени, да придонесете за напредок на земјата и самите да ја обликувате сопствената иднина. Заедно, низ партнерски однос и соработка, добрите резултати ќе бидат неминовни.

Дозволете ми уште еднаш да им се заблагодарам на сите вклучени во организирањето на овој настан и самата иницијатива. Честитки за напорната работа, соработката и посветеноста на младите вклучени во оваа иницијатива, честитки за ТИРЗ и за Стопанската комора. Ова нека биде мотив и инспирација за останатите фактори и генерациите што доаѓаат затоа што иднината почнува дома.

Да немате никаква дилема, на тој пат ќе ја имате мојата безрезервна поддршка.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...