Учество на форумот To be secure (2BS) во организација на Атлантскиот совет на Црна Гора

11 декември 2020 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски денеска се обрати на десеттиот To be secure (2BS) форум, во организација на Атлантскиот совет на Црна Гора.

Говорејќи на тема „Западниот Балкан за 10 години“, претседателот Пендаровски истакна дека за една декада земјите од Западен Балкан може да го достигнат денешното ниво на развој на централно-европските земји единствено со поголема посветеност на ЕУ и САД на регионот, преку реално, а не техничко оценување на процесите на демократизација и доколку про-европски сили се на власт.

Според претседателот Пендаровски, најдобрите резултати за демократизација и напредок на земјите од регионот се постигнати со поддршката и лидерството на евроатлантската заедница како целина.

Предизвици за регионот, рече претседателот Пендаровски, и натаму остануваат владеењето на правото, човековите права, слободата на медиумите и независноста на медиумите.

Според претседателот Пендаровски, позитивното сценарио за регионот опфаќа почеток на пристапните преговори за членство на Република Северна Македонија и Република Албанија во Европската Унија, забрзување на почнатите пристапни преговори на Црна Гора и на Република Србија,  напредок во разговорите Белград-Приштина, како и преку зголемување на меѓународните напори во Босна и Херцеговина.

Уверен сум, рече претседателот Пендаровски, дека иднината на Балканот ќе биде светла единствено со отфрлање на национализмот, што предизвика страдање и уништување во минатото.

На сесијата во рамки на форумот, покрај претседателот Пендаровски, се обрати и претседателот на Република Словенија, Борут Пахор.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...