Претседателот Стево Пендаровски, утре, 26 февруари 2024 година, понеделник, во 12:00 часот ќе положи свежо цвеќе на вечното почивалиште на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата, по повод одбележувањето на 20-годишнината од нивното загинување во авионската несреќа во Босна и Херцеговина.
По повод 20-годишнината од загинувањето на претседателот Борис Трајковски и членовите на делегацијата, утре, со почеток во 20:30 часот во Национална опера и балет ќе се одржи комеморативен настан, на кој свое обраќање ќе има претседателот Стево Пендаровски.
Претставник на Кабинетот на претседателот утре ќе присуствува на церемонијата на одбележување на годишнината пред спомен – обележјето на местото на несреќата во Ротимље, Босна и Херцеговина, како дел од државната делегација.