Видео – обраќање на претседателот Пендаровски на свеченоста по повод Денот на наставата на турски јазик

27 декември 2023 | Обраќања

Претседателот Стево Пендаровски преку видео – порака се обрати  на свеченоста, што по повод 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик, ја организираше здружението „Уфук“.

Почитувани претставници на здружението „Уфук“,

Ви благодарам за поканата да се обратам на овој свечен настан. За жал, поради претходно превземени обврски, не можам да бидам меѓу вас на оваа важна свеченост. Но, дозволете со оваа порака да ве поздравам, да ви го честитам 21 Декември – Денот на наставата на турски јазик и да споделам со вас неколку мои согледувања на оваа тема.

Можноста за образование на мајчин јазик е суштинска демократска вредност што придонесува за развој на културниот плурализам во едно општество. Правото да се говори и твори на сопствениот јазик е едно од најзначајните човекови права, преку кои се чува и промовира и личниот и идентитетот на целата етничка заедница.

Во Република Северна Македонија се негува долга традиција на соживот. Со право можеме да се гордееме со достигнувањата на сите етнички заедници кои се дел од нашето мултиетничко и мултијазично општество.

Како лојални македонски граѓани, припадниците на турската заедница придонесуваат за развојот и напредокот на нашата заедничка татковина. За тоа зборуваат и признанијата што вечерва се доделуваат за особен придонес на турската заедница. Освен што се вреден дел на домашниот мултиетнички мозаик, Турците се и мост на поврзување со пријателска Република Турција.

Почитувани,

И во најтешките периоди за македонската демократија, здружението „Уфук“ не отстапи од хоризонтот на прогресивните вредности. Залагајќи се за европската и евроатлантската интеграција на нашата држава, „Уфук“ беше и останува да биде глас на младите Турци кај нас.

Изразувајќи благодарност за вашите досегашни заложби, ве повикувам и во иднина, заедно, да продолжиме во градењето подобра и попросперитетна иднина за сите нас.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...