Претседателката Сиљановска Давкова го постави генерал-мајор Сашко Лафчиски за Началник на Генералштабот на Армијата

16 август 2024 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, во пресрет на 18 Август, Денот на Армијата, потпиша укази за унапредување на бригадниот генерал Сашко Лафчиски во чин генерал-мајор и за негово поставување за Началник на Генералштабот на Армијата.

Со укази на претседателката Сиљановска Давкова, поради истек на мандат, е разрешен досегашниот началник на генералштабот, генерал-потполковник Васко Ѓурчиновски и е поставен за Советник на Началникот на Генералштабот на Армијата за борбена готовност и операции.

Свеченото примопредавање на должноста Началник на Генералштабот ќе се одржи на Денот на Армијата, 18 Август.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Проштална средба со амбасадорката на Хеленската Република, Софија Филипиду

Проштална средба со амбасадорката на Хеленската Република, Софија Филипиду

Претседателката Гордана Сиљановска- Давкова денеска во вилата „Билјана“ во Охрид на проштална средба ја прими амбасадорката на Хеленската Република во Скопје, Софија Филипиду. Реафирмирајќи го ставот дека регионалната соработка е особено важна за помалите земји,...

Средба на Сиљановска-Давкова со НГШ на Германија, генерал Карстен Бројер

Средба на Сиљановска-Давкова со НГШ на Германија, генерал Карстен Бројер

Претседателката и врховна командантка на вооружените сили, Гордана Сиљановска-Давкова, денеска го прими началникот на вооружените сили на Сојузна Република Германија, генерал Карстен Бројер. Сиљановска-Давкова посочи дека посетата...

Проштална средба со амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва

Проштална средба со амбасадорот на Чешка, Јарослав Лудва

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска имаше проштална средба со амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва. Таа му се заблагодари за професионалното и посветено вршење на дипломатската должност, оценувајќи дека дал особен придонес во зацврстувањето на...

ПОВИК ЗА АКРЕДИТИРАЊЕ – Официјална посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму

ПОВИК ЗА АКРЕДИТИРАЊЕ – Официјална посета на претседателката на Република Индија, Друпади Мурму

Ве известуваме дека на 21 јули и 22 јули 2026 година, вторник и среда, во официјална посета на земјава ќе престојува претседателката на Република Индија, Друпади Мурму. Заинтересираните медиуми за следење на официјалната посета, потребно е да се акредитираат најдоцна...