Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на настанот „Виртуелното е реално: Зајакнување на законодавните рамки за поддршка на телесната автономија“

20 јуни 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на регионалниот форум „Виртуелното е реално: Зајакнување на законодавните рамки за поддршка на телесната автономија“ што се одржува во организација на канцеларијата на УНФПА во Северна Македонија во соработка со канцеларијата на УНФПА на Балканот.

Во своето обраќање на настанот, сопругата на претседателот истакна дека ваквите форуми на кои може да зборуваме за искуствата низ регионот и да учиме едни од други и да си помогнеме, се одличен механизам којшто ќе помогне во создавање на ефективни решенија. Според Ѓоргиевска, со алатките кои ги имаме на располагање треба да бидеме поддршка на кампањата „Бодирајт“ која има за цел преземање на дејства за запирање на насилството врз жените и девојките во виртуелните простори.

Целта на настанот е да се подигне јавната свест околу кршењето на човековите права и заштитата на телесната автономија на интернет преку примери од практиката, а се очекува и да се идентификуваат следните чекори за сегашните и идните улоги, како и одговорноста на различните чинители, регионалните и националните влади и развојните партнери.

Почитувани претставници на Фондот за население на обединетите нации,

Почитувана министерке Тренчевска и партнери од регионот,

Почитувани присутни,

На почетокот би сакала да се заблагодарам на поканата да бидам меѓу излагачите на денешниот регионален форум, настан од висок профил кој третира суштинска тема како што е телесната автономија во контекст на насилството на интернет. Изразено како врсничко насилство, вознемирувачки говор, навреди, клевети, говор на омраза или исмевање на социјалните мрежи на основа на социјална, сексуална ориентација, родов идентитет, припадност на маргинализирана група, насилството на интернет станува сѐ поголем предизвик за кој станува неопходно отворено да зборуваме и заеднички да работиме на изнаоѓање на одржливи решенија за справување со него.

Жените и девојките, како и маргинализираните групи најчесто се мета на насилството на интернет. Според податоците на Фондот за население на Обединетите нации на глобално ниво 85 % од жените изјавиле дека посведочиле а речиси 40 % изјавиле дека биле жртви на насилство на интернет.

Имајќи ги предвид загрижувачките состојби, потребно е да видиме што сме направиле и да си поставиме задачи за тоа, што можеме да направиме за справување со насилството на интернет. Во таа насока и ваквите форуми на кои може да зборуваме за искуствата низ регионот и да учиме едни од други и да си помогнеме, се одличен механизам којшто ќе помогне во создавање на ефективни решенија.

Сметам дека треба секој од нас преку алатките кои ги имаме на располагање да бидеме поддршка на кампањата „Бодирајт“ која има за цел преземање на дејства за запирање на насилството врз жените и девојките во виртуелните простори. Солидарноста е важна како механизам за зајакнување на јавната свест и како поддршка на жртвите да знаат дека не се сами и да ги поттикнеме да ја бараат правдата за штетата која им била нанесена.

Правото над нашето тело дури и во виртуелниот простор, или „бодирајт“, треба да биде и правно заштитено. Сведоци сме на случаи каде фото и видео материјали на многу лица се злоупотребуваат и искористуваат во различни чинови на насилство, а кога жртвата ќе се обиде да ја добие битката преку институционален пат, правдата воглавно е бавна. Соочени со вакви предизвици, разбирливо е што многу жени и девојки не поведуваат правни процеси за заштита на нивните права за своето тело на интернет.

Во рамки на регионалниот форум ќе слушнеме искуства од повеќе експерти и носители на одлуки од регионот за состојбите со насилството на интернет и кои алатки ги имаат на располагање жртвите, како и мерките кои треба да се донесат со цел да се зајакне нивната заштита.

Честопати зборуваме за користењето на интернетот како јавно добро, како нешто што може да ни помогне да ги подобриме јавните услуги и информирањето на граѓаните. Сѐ поголемата достапност на интернетот неминовно води до поголема дигитална покриеност на граѓаните, која пак овозможува граѓаните полесно да препознаваат дезинформации, да користат јавни услуги, да објавуваат содржини на социјалните медиуми, но и сѐ почесто да ги користат социјалните мрежи како виртуелна реалност во која за жал насилството е реално.

Исто како што вложуваме енергија да овозможиме поголем пристап на граѓаните до интернетот, така е потребно и да работиме на поголема едукација за насилство и за правните механизми кои ќе им овозможат заштита кога ќе бидат жртва на насилство на интернет. За поздравување е фактот што согласно Законот за спречување и заштита од насилство врз жени и семејно насилство донесен во 2021 година за првпат се дефинира сексуалното вознемирување преку интернет, а се прават и други напори за донесување на сé повеќе правни механизми за заштита на жртвите од насилство на интернет.

Родово-базираното насилство на интернет е потребно да биде третирано како дел од спектарот на видови на родово-базирано насилство. Како што зборуваме за семејното, партнерското, сексуалното, физичкото, психичкото, емотивното, економското насилство, треба да бидеме гласни и за насилството на интернет кое може во себе да вклучи компоненти на другите видови на родово-базирано насилство.

Институционалните и правните механизми за заштита на граѓаните од насилство на интернет, како и негово санкционирање се недоволно развиени во повеќе земји, вклучително и кај нас. Разбирливо е што решенијата се носени неодамна, затоа што и се соочуваме практично со една понова појава. Прашањето е комплексно и во создавањето на ефикасни правни механизми за заштита и санкционирање на насилството на интернет верувам дека ќе постојат повеќе дилеми, како и новини кои треба да се воведат во истражните и судските постапки, како и законските решенија.

Да дејствуваме со создавање на нови политики, нови законски решенија кои одговараат на новата реалност, со иновативни технолошки решенија, со подигнување на јавната свест и со здружени напори на институциите, бизнис заедницата и граѓанскиот сектор. Заеднички верувам дека ќе дојдеме до ефективни решенија.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Средба на претседателот Пендаровски со Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на СР Германија

Претседателот Стево Пендаровски денеска ја прими Аналена Баербок, сојузна министерка за надворешни работи на Сојузна Република Германија, која престојува во официјална посета на Република Северна Македонија. На средбата се...

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Пендаровски го потпиша Указот за новиот Закон за амнестија

Претседателот Стево Пендаровски денеска го потпиша Указот на усвоениот Закон за амнестија, со кој се предвидува лицата осудени за кривичните дела од член 205 „Пренесување на заразна болест“ и член 206 „Непостапување според здравствените прописи за време на епидемија“...

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Повик за акредитирање на медиумски екипи – Официјална посета на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван дер Белен

Ве известуваме дека на 28 и 29 март 2023 година во официјална посета на Република Северна Македонија ќе престојува сојузниот претседател на Република Австрија, Н.Е. д-р Александер Ван дер Белен, во придружба на неговата сопруга, г-а Дорис Шмидауер. Заинтересираните...

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Пендаровски се обрати на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов“ во УНЕСКО во Париз

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз се обрати на отворањето на меѓународниот симпозиум во рамки на чествувањето на јубилејот „Сто години од раѓањето на Ацо Шопов (1923 – 1982)“, што се одржува под негово покровителство во соработка со УНЕСКО. Воедно,...

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Средба на претседателот Пендаровски со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле

Претседателот Стево Пендаровски денеска во Париз оствари средба со генералната директорка на УНЕСКО, Одре Азуле. На средбата се разговараше за севкупната соработка на Република Северна Македонија со УНЕСКО, во контекст на 30-годишнината од нашето членство во...