Средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“

18 март 2026 | Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска оствари средба со членови на спелеонуркачкиот клуб „Врело“, на којашто се разговараше за значењето на истражувањето, заштитата и промоцијата на природните богатства како дел од националниот идентитет и наследство.

Спелеонуркачите ја запознаа претседателката со спецификите на активноста, со развојот на клубот и со нивните досегашни подводни истражувања, презентирајќи дел од својата импресивна видео-архива. Тие ја истакнаа плодната меѓународна соработка со врвни нуркачи и експерти, како значаен предуслов за постигнување значајни резултати.

Особено внимание беше посветено на неодамнешната експедиција во пештерата Врело, каде полскиот нуркач Бартломиеј Питала ја доистражи до рекордни 287 метри, со што ова природно богатство се вбројува меѓу најдлабоките подводни пештери истражени од човек, не само во Европа, туку и на светско ниво.

Соговорниците се согласија дека Врело е едно од најуникатните природни богатства, со коешто, со право, се гордееме.

Сиљановска-Давкова укажа на потребата од негова соодветна заштита и промоција како ретка туристичка атракција.

Во разговорот беа отворени прашања поврзани со претстојните експедиции, при што спелеонуркачите посочија на предизвиците со коишто се соочуваат, особено во однос на техничките претпоставки, сложената организација и потребата од континуирана институционална и финансиска поддршка.

Претседателката изрази восхит од нивната љубопитност, храброст и посветеност, оценувајќи дека тие не се само истражувачи на непознатите длабочини, туку и луѓе кои ги поместуваат границите на човечките можности.

Според неа, ваквите успешни приказни заслужуваат поголемо внимание, афирмација и поддршка, како пример за истрајност, висока стручност и одговорен однос кон македонските бесценети природни богатства.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба со претставници на ИНОВА

Средба со претставници на ИНОВА

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ја прими Даниела Димовска, директорка на новоформираната Агенција за иновации, научно-технолошки развој и претприемништво – ИНОВА. Таа ја запозна со стратешките приоритети, проекти...

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Средба на Сиљановска-Давкова со Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска ги прими Зорица Митровиќ, претседателка на Националниот совет на македонското национално малцинство во Србија и Марјан Јованоски, секретар на Советот, чија активна работа од 2004 година резултираше со впишување на...

Во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Во спомен на жртвите од трагедијата во Кочани

Нивните имиња се трајно врежани во македонската колективна меморија: Александар Алексов Сара Алексова Стефанија Алексова Ице Андонов Ивона Антова Мартин Атанасовски Владимир Блажев-Панчо Тоше Богданов Ѓорѓи Василков Иван Величков Ѓорѓи Величков Леонид Велков Игор...

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки

Сиљановска-Давкова: Научените лекции од Кочани ги претвораме во системски мерки

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на завршната сесија на Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани, што се одржа денеска во Скопје во организација на Владата. Според претседателката,...

Видео обраќање на отворањето на националниот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“

Видео обраќање на отворањето на националниот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова преку видео порака се обрати на отворањето на националниот натпревар по едукативна роботика „First Lego League 2025-2026 – UNEARTHED Challenge“. Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката...