Сиљановска-Давкова разговараше со претставнички на Women in Tech-Macedonia

11 февруари 2026 | Соопштенија

Денеска, на Меѓународниот ден на жените и девојките во науката, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставнички на Women in Tech-Macedonia, организација којашто е дел од глобалната иницијатива Women in Tech, a која поттикнува инклузија, разновидност и еднаквост на жените во  STEM професиите (наука, технологија, инженерство и математика).

Тие ја информираа дека нивните активностите се главно насочени кон едукација на невработени девојки кои се уште делат дилема околу животниот избор на професијата. Своите цели, заедницата на Women in Tech ги постигнува преку обуки, менторства и конференции, со намера да се намали родовата нееднаквост во STEM професиите.

Честитајќи им за специјалната награда – IMPACT Award , којашто ја добиле на глобалниот Women in Tech Summit  минатата година во Осака, Јапонија, претседателката истакна дека таа е потврда за нивната меѓународна компетитивност, успешност и посветеност. Таа верува дека во секоја жена лежи неисцрпна енергија и неискористено знаење, со чија употреба може да се надминат и најсложените предизвици.

Сиљановска-Давкова отворено ја изрази импресионираноста од умот и креативноста на соговорничките, а особено од нивната подготвеност да им помогнат на најранливите меѓу нас.

Претседателката изрази подготвеност за поддршка на кампања на Women in Tech за вклучување на жените и девојките во науката.

Соговорничките длабоко веруваат во женската визија и мисија на вистински носителки на темелни промени кои ќе остават белег во технологијата.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Средба на Сиљановска-Давкова со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ во Загреб

Во рамки на официјалната посета на Република Хрватска, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. На средбата беше изразено задоволство од одличните билатерални односи...

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

Сиљановска-Давкова по средбата со Милановиќ: Нема место за двојни стандарди во евроинтегративниот процес

На официјална церемонија со највисоки државни и воени почести претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во Загреб беше пречекана од претседателот на Република Хрватска, Зоран Милановиќ, со што започна нејзината дводневна официјална посета на земјата. Двајцата...

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Сиљановска-Давкова во официјална посета на Република Хрватска

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, од денеска ќе престојува во официјална посета на Република Хрватска. Утре, 24 март 2026 година, вторник, во Загреб претседателката Сиљановска-Давкова ќе биде пречекана со највисоки државни и воени почести од претседателот на...

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателката Сиљановска-Давкова по повод Рамазан бајрам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод големиот муслимански празник - Рамазан бајрам, упати честитка до верниците од исламска вероисповед и до поглаварот на Исламската верска заедница, реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван реис-ул-улема х....

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Сиљановска-Давкова: Потребна е поголема институционална поддршка за инклузија на лицата со Даунов синдром

Во пресрет на 21 март - Светскиот ден на лицата со Даунов синдром, претседателката Гордана Сиљановска-Давкова прими претставници на здружението за рехабилитација и инклузија на лица со Даунов синдром „Дневен центар – Доза среќа“ Скопје. [gallery...