Меморандум за соработка за поквалитетни социјални услуги за граѓаните во социјален ризик

26 ноември 2021 | Соопштенија

Кабинетот на претседателот на Република Северна Македонија,  Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија и Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Берово, потпишаа Меморандум за соработка, со цел подигнување на квалитетот на социјалните услуги кои ги добиваат граѓаните во социјален ризик.

Под покровителство на претседателот Стево Пендаровски, Амбасадата на Народна Република Кина во Република Северна Македонија обезбедува финансиски средства во износ од еден милион петстотини и четириесет илјади денари, наменети за Дневниот центар за лица со ментална или телесна попреченост, при Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа –  Берово.

Донираните финансиски средства ќе бидат искористени за опремување на кабинети за физикална и хидро-терапија, како и сензорна соба наменета за деца и лица со аутистичен спектар на нарушувања во Дневниот центар во Берово.

Меморандумот го потпишаа генералниот секретар Миле Бошњаковски, амбасадорот на Народна Република Кина Н.Е. Џанг Ѕуо и директорката на Јавната установа Меѓуопштински центар за социјална работа – Берово, Маја Николова.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...