Обраќање на сопругата на претседателот на конференцијата „Успешни жени за успешен регион“

22 март 2024 | Aктивности, Соопштенија

 

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска се обрати на конференцијата  „Успешни жени за успешен регион“  што се одржа во Скопје во организација на регионалната непрофитна иницијатива Women on Boards Adria – WOBA (Жени во органи на управување Јадран).

Во своето поздравно обраќање, сопругата на претседателот истакна дека рушењето на невидливите бариери што ги спречува жените да стигнат до највисоките нивоа во светот на бизнисот треба да биде наша мисија и дека покрај заложбите да го рушиме „стаклениот покрив“ треба да работиме и на поттик на жените, да имаат еднакви стартни позиции со мажите како и развој на кариера.

„Но, женското лидерство не значи само поголема застапеност на жените во бројки. Женското лидерство значи и реформа на начинот на којшто се менаџираат и управуваат процесите. Со внесување на поголем број жени во управувачките одбори, се внесуваат нови димензии во лидерството, креативност, динамичност, подобра комуникација, емпатија, побрзо решавање на сложените проблеми“, истакна г-а Ѓоргиевска.

Women on Boards Adria – WOBA ( Жени во органи на управување Јадран) е регионална непрофитна иницијатива чијашто цел е зголемување на родовата разновидност во извршните и неизвршните органи на управување, а во насока на остварување на оваа цел соработува со  компании од бизнис секторите, со влади и меѓународни институции за да промовира поголема родова разновидност на ниво на органи на управување и највисоки раководства на компаниите од јавен интерес во Јадранскиот регион.

Како прв настан од ваков вид во земјава, оваа конференција преку учеството на лидери од бизнис секторот и од владата е насочена кон иницирање на дискусија во однос на поголема поддршка за зајакнување на женската застапеност во органите на управување на компаниите во регионот. Учесниците имаа можност преку презентација да се запознаат со визијата и мисијата на оваа регионална иницијатива и да дискутираат во рамки на двата панела: „Женско лидерство: Клуч за деловниот успех и лидерки во време на предизвици“ и „Жени во органи на управување – зајакнати органи на управување, зајакнат деловен сектор, зајакнато општество“.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на сопругата на претседателот.

Почитувани екселенции, драги пријатели, дами и господа,

При крајот на минатата година бев дел од настан на којшто како и денеска нагласивме дека женското лидерство мора да го скрши „стаклениот покрив“. Би сакала да се заблагодарам на организаторите на оваа конференција, за одличната можност повторно да зборуваме на оваа значајна тема и да влијаеме на подобрување на јавната свест и разбирање за важноста од поголема застапеност на жените во управувачките одбори и менаџерските позиции.

Рушењето на  невидливите бариери што ги спречува жените да стигнат до највисоките нивоа во светот на бизнисот треба да биде наша мисија. Пречките најчесто потекнуваат од историски зададените норми за улогата на жената и нејзините општествено доделени улоги кои се обликувани од патријархалните култури. Дополнително, недоволната освестеност во општеството за различните родови димензии честопати води кон креирање на политики и носење на одлуки каде женската компонента не е земена предвид. Затоа мора да ги менуваме работите, затоа што покрај потребната застапеност на жените, ќе се обезбедат и услови за вистинска правичност и еднаквост.

Но, покрај заложбите да го рушиме „стаклениот покрив“ треба да работиме и на поттик на жените, да имаат еднакви стартни позиции со мажите како и развој на кариера. Гледаме дека промените полека се случуваат, но потребно е уште работа. Иако, во реалноста е поголем бројот на мажи во управувачките одбори. Затоа треба да инсистираме на решенија користејќи ги компетенциите и искуствата како најрелевантни аргументи за прогресот, не само на компаниите и организациите, туку на целокупното општество.

Но, женското лидерство не значи само поголема застапеност на жените во бројки. Женското лидерство значи и реформа на начинот на којшто се менаџираат и управуваат процесите. Со внесување на поголем број жени во управувачките одбори, се внесуваат нови димензии во лидерството, креативност, динамичност, подобра комуникација, емпатија, побрзо решавање на сложените проблеми. И статистиките потврдуваат дека инклузивните корпоративни одбори имаат далеку подобри перформанси, од оние коишто се со доминантно машки. Жените се поподготвени да сослушаат, да градат цврсти врски врз основа на разбирање и почитување. Нивната способност да сочувствуваат кон потребите на другите, нивната издржливост при премостување на тешките предизвици ги прави совршени кандидати кои во органите на управување би биле отворени за неконвенционални решенија и експертски мислења.

Придонесот што може да го имаат жените во управувачките структури е придонес за отворен дијалог и конструктивна дебата, насушно потребна како во бизнис заедницата, така и во политичкото и општественото дејствување. Затоа и веќе претходните говорници ја споменаа директивата на ЕУ со која до 2026 година треба да се зголемат квотите на извршните и директорските места во полза на помалку застапениот род. Притоа, се упатува порака до жените дека нивното место е токму во органите на управување или, онаму каде што нивната амбиција, талент, образование, компетентност, соодветствува со нивните желби.

Би било нефер ако кажеме дека напредок не постои. Прогресот е видлив и во нашиот регион, каде сме сведоци на постепено зголемување на бројот на жените во одборите на најголемите компании  – од 11% во 2014 година, на 19% во 2021 година. Иако овој пораст е охрабрувачки, важно е да се истакне дека тоа е само чекор напред, но не исчекор. Дека ова темпо е бавно и дека не смееме да дозволиме и во следните 50 години жените да не ги достигнуваат највисоките позиции.

Во изминатите години имав можност во многу прилики да соработувам со жени во нашето општество, скоро во сите сектори. Ние имаме одличен потенцијал. Нашите жени се одлични менаџери без разлика дали станува збор за жени од руралните или од урбаните средини. Имаме иновативни претприемачки, жени со огромен потенцијал и искуство во менаџирање на кризи, водење на процеси, активистки, жени кои изработуваат квалитетни закони и стратегии, или пак кои носат голем профит и развој за компаниите. Многу од нив се пионери во својата работа или пак се осмелиле да навлезат во полињата кои се традиционално познати како машки професии.

Секогаш со задоволство сум давала и ќе продолжам да давам поддршка на вакви иницијативи. Треба да продолжиме со заедничката работа за унапредување на родовата еднаквост и поголемата застапеност и моќ на одлучување на жените во управувачките структури. Ова е мисија која треба да биде заедничка заложба како на институциите, бизнис секторот, така и на граѓанскиот сектор. Затоа и ме радува што денеска овде имаме убав состав, со поддршка на бизнис заедницата, дипломатскиот кор и претставниците од медиумите, што укажува само на заедништво, цврста верба и упорност, дека навистина можеме да направиме исчекор и да ги подобриме работите.

Благодарам.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...