Обраќање на сопругата на претседателот на настанот „Телесната автономија – основа на човековите права“

10 јуни 2021 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска денеска се обрати на настанот „Телесна автономија – основа на човековите права“ во организација на Фондот за население на Обединетите нации – УНФПА.

Говорејќи пред присутните учесници и гости на тема „Телесната автономија и сексуалното и репродуктивно здравје од аспект на човековите права“, Ѓоргиевска истакна дека е примарно обезбедувањето пристап до квалитетна и сеопфатна примарна здравствена заштита за сите, а како резултат на нарушувањето на сексуалните и репродуктивните права, женската популација е особено на удар и затоа има потреба од соодветна здравствена заштита.

„ Сепак, не може сè да се сведе на институционалните решенија. Особено значајно е да ја сензибилизираме нашата поширока јавност за значењето на телесната автономија и на човековите права воопшто“, рече Ѓоргиевска и додаде дека покрај законските решенија мораме интензивно да работиме на промената на менталитетот, на промена на свеста на граѓаните.

Според Ѓоргиевска, пандемијата со Ковид-19, за жал, ги влоши состојбите во сите сегменти на нашето живеење и предизвика фокусот на институциите, особено на здравствениот сектор да биде свртено кон борбата со вирусот и ублажувањето на последиците.

„Меѓутоа во целиот овој негативен контекст би сакала да ја издвојам улогата на Фондот за население на Обединетите Нации како еден позитивен пример бидејќи тие ја интензивираа својата работа во смисла на обезбедување помош на ранливите категории, т.е. повозрасните граѓани, бремените жени, лицата со попреченост и секако, влијанието на свеста за проблемите со зголемување на родово-базираното насилство за време на кризната состојба и притоа континуирано ја имаше и сéуште ја има поддршката и од Кабинетот на претседателот. Се надевам дека пандемијата наскоро ќе заврши и тогаш ќе можеме вниманието, ресурсите и енергијата да ја насочиме кон секојдневните потреби, кон секојдневните приоритети“, порача Ѓоргиевска.

На хибридниот настан учествуваа и: Јагода Шахпаска, министерка за труд и социјална политика, министерот за здравство, Венко Филипче, Алана Армитаж, регионална директорка на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија, Росана Дуџак, постојан координатор на Обединетите Нации во Северна Македонија, директорот на УНФПА за Северна Македонија, Џон Кенеди Мосоти, аташето за соработка на амбасадата на Франција во Северна Македонија, Жули Маравал и Елизабета Божиноска, програмска директорка на ХЕРА.

УНФПА е копредводник на една од акциските коалиции на Форумот за генерациска еднаквост – Коалицијата за телесна автономија и сексуално и репродуктивно здравје и права, којашто претставува ново партнерство на владите, чијшто дел е и Владата на Република Северна Македонија, граѓанското општество, Обединетите нации и приватниот сектор, со цел промовирање на правата на жените и девојките.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...