Отворен ден во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија

13 септември 2019 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, Вила Водно, денеска го посетија ученици од ООУ „Киро Глигоров“, по повод почнувањето на активноста Отворени денови во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, како дел од проектот Лице во лице со Претседателот со кој во иднина ќе се реализираат директни средби на граѓаните со претседателот Стево Пендаровски.

За време на посетата на Кабинетот, учениците имаа можност да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Пендаровски, да присуствуваат во просториите во коишто се одвиваат официјалните средби, како и во салите во коишто се организираат свечености, настани и прес-конференции. Учениците се запознаа и со дел од вработените во Кабинетот и беа информирани за начинот на функционирање на оваа институција.

За време на денешната посета учениците од ООУ „Киро Глигоров“ имаа можност да присуствуваат и на церемонијата за промена на државното знаме во Кабинетот на Претседателот на Република Северна Македонија, извршена од припадниците на Батаљонот за почести и опслужување на Армијата, што се одржува со цел подигнување на чувството и почитта кон знамето на Република Северна Македонија, како репрезент и симбол на државноста на нашата земја.

Со денешниот настан се најавува редовна практика на поголема отвореност на Кабинетот на Претседателот. Сите заинтересирани граѓани и организации, со претходно пријавување на официјалната интернет страница на Претседателот, ќе имаат можност да остварат директна комуникација со претседателот Пендаровски, да споделат свои идеи и предлози и да учествуваат во настани од јавен карактер коишто ќе бидат организирани во Кабинетот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...