Отворен кабинет со ученици од ООУ „Исмаил Ќемаљи“ од Скопје и ООУ„ Дитуриа“ од општина Сарај

12 јуни 2023 | Отворен Кабинет, Соопштенија

Ученици од ООУ „Исмаил Ќемаљи“ од Скопје  и  ООУ„ Дитуриа“ од општина Сарај, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска го посетија Кабинетот на претседателот.

Учениците имаа можност со претседателот Пендаровски да разговараат за неговата работа, за претседателските надлежности и активности, а ги посетија и просториите во коишто се одвиваат официјалните и работните средби, свечености, настани, прес-конференции, седници на Советот за безбедност, предавање на акредитивни писма од странски амбасадори.

Од вработените беа запознаeни со историјатот на објектот во којшто е сместен Кабинетот, со начинот на функционирање на институцијата и со диптихот „Македонија – светла земја“ и „Македонија памети“, дело на еден од најзначајните македонски уметници академик Глигор Чемерски кој се наоѓа во Мозаик салата.

Отворен Кабинет е дел од проектот Лице в лице со Претседателот, во чии рамки досега Кабинетот го посетиле граѓани од различни возрасти, професии и занимања, студенти од земјава и од странство, како и ученици од основни и средни училишта.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...