Претседателот Пендаровски во посета на општина Тетово и општина Теарце

4 ноември 2019 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со претседателот“, денеска е во посета на општина Тетово и општина Теарце.

Во Теарце, претседателот Пендаровски го посети основното училиште „Кирил Пејчиновиќ“, кадешто учат ученици од македонската, албанската и турската етничка заедница. Покрај мешаниот етнички состав, карактеристично за училиштето е што учениците по избор изучуваат и јазик којшто не им е мајчин. Учениците и вработените во училиштето ја истакнаа потребата за нови учебници, со цел подобрување на квалитетот на наставата.

Во селото Слатино, претседателот Пендаровски ја посети Рита Бехадини, која преку социјалните мрежи покрена и реализира акција за собирање на училишни материјали и прибор, за ученици од семејства со социјален ризик. Претседателот Пендаровски оддаде признание за активностите на Бехадини, истакнувајќи дека нејзиниот пример треба да го следат и други млади луѓе.

За време на посетата на тетовскиот регион, претседателот Пендаровски го посети Лешочкиот манастир. Во придружба на тетовско-гостиварскиот митрополит Јосиф, претседателот Пендаровски ги посети црквата “Св. Атанасиј” и црквата “Св. Богородица”, како и конаците во рамки на манастирскиот комлекс, каде е сместена спомен-собата на македонскиот преродбеник Кирил Пејчиновиќ. Претседателот Пендаровски беше запознаен со историските факти за манастирот и за конаците, а беше истакната потребата за поголема заштита на културно-историското богатство на манастирот, особено на црквата “Св. Богородица”, која датира од 14-от век.

Во селото Џепчиште, претседателот Пендаровски го посети етно музејот во сопственост на Симеон Златев – Моне, кој се смета за најмал етнолошки музеј во светот. Во музејот, на вкупно 7,2 метри квадратни, има изложено околу 1150 експонати, од вкупно 2000 експонати што Златев ги собирал во изминатите три децении. Сопственикот на музејот го информираше претседателот Пендаровски за намерата и официјално да го внесе неговиот музеј во Гинисовата книга на рекорди како најмал етнолошки музеј во светот.

Проектот „Лице в лице со Претседателот“ е инициран во изборната програма на претседателот Пендаровски. Целта е преку посети на населените места во Северна Македонија, претседателот Пендаровски да се сретне со што е можно повеќе граѓани, и одблиску да ги слушне проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и идеи за нивно надминување.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...