Претседателот Пендаровски во посета на општина Кичево

25 декември 2019 | Лице в лице со претседателот, Соопштенија, Средби

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во рамки на проектот „Лице в лице со Претседателот“, денеска престојува во посета на општина Кичево.

Во основното училиште „Санде Штерјоски“ претседателот Пендаровски посети две паралелки што наставата ја следат на македонски, односно албански јазик. Во училиштето настава следат ученици Македонци, Албанци, Турци и Роми и е пример за меѓуетничка интеграција во образованието. Пред претседателот Пендаровски беше посочен проблемот со недостаток на учебници. Исто така, претседателот Пендаровски посети паралелка на деца со попреченост, кои учат во училиштето. Во следењето на наставата им помага и волонтерка од Мировниот корпус од САД.

Во училишната библиотека, претседателот Пендаровски се сретна со 18-годишниот Албин Алиу, иноватор кој има направено проект за изработка на хартија од алги, собрани во Охридското езеро. Тој го запозна претседателот Пендаровски со својот проект, со кој освоил трето место на натпревар во Њујорк – САД, во областа на биохемијата. Проектот е значаен за заштита на животната средина бидејќи помага во одржувањето на биодиверзитетот и помага во намалувањето на користењето на дрвата како суровина за производство на хартија. Алиу пред претседателот Пендаровски ја истакна неговата желба за развој и примена на проектот во Северна Македонија. Алиу, кој основното образование го завршил во училиштето „Санде Штерјоски“, сега е ученик во Јахја Кемал колеџот во Струга и е носител на повеќе награди на национални и регионални натпревари.

За време на посетата на Кичево, претседателот Пендаровски го посети основното училиште „Владимир Полежиноски“, каде беше посочен трендот со намалување на бројот на ученици во градот. За време на посетата, претседателот Пендаровски даде интервју за училишниот весник „Ѕуница“, што го подготвуваат учениците од новинарската секција.

Во општинската организација на Црвениот Крст во Кичево, претседателот Пендаровски се сретна со д-р Љуљзим Јахоја, добитник на националното признание за истакнат волонтер на годината, за 2019-та. Јахоја, кој по професија е невролог, веќе 15 години е волонтер во Црвениот крст. Од раководството, претседателот Пендаровски беше запознаен со тековните активности на општинската организација на Црвениот крст во градот.

Проектот „Лице в лице со Претседателот“ е со цел преку посети на населените места во Северна Македонија, претседателот Пендаровски да се сретне со што е можно повеќе граѓани, и одблиску да ги слушне проблемите и предизвиците со кои се соочуваат граѓаните, како и идеи за нивно надминување.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...