Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Приоритети за унапредување на интеграцијата на Ромите во Северна Македонија“

6 април 2022 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски на покана на граѓанското движење АВАЈА присуствуваше на приемот и на дипломатската вечера по повод 8 Април – Меѓународниот ден на Ромите.

За време на дипломатската вечера се одвиваше дискусија насловена „Приоритети за унапредување на интеграцијата на Ромите во Северна Македонија“. Во текот на дискусијата се презентираа досегашните резултати и работата на ова движење и се разгледаа можностите за унапредување на интеграцијата на Ромите во земјава. Дискусијата се одвиваше на три теми: правична застапеност во државната и јавната администрација, попис и новата Стратегија за Роми.

Претседателот Пендаровски честитајќи го Меѓународниот ден на Ромите истакна дека ромската заедница е нераскинлив дел од мултикултурниот мозаик во земјава и со години придонесува во неговото градење.  Претседателот Пендаровски нагласи и дека новата Стратегија за Роми е чекор нанапред кон остварување на конкретни резултати во насока на унапредување на интеграцијата на Ромите за што е потребен заеднички ангажман од сите чинители во земјава.

На настанот присуствуваа и премиерот на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски, првиот заменик на претседателот на Владата и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби и претставници на дипломатскиот кор во земјава.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...