Претседателот Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“

24 ноември 2023 | Соопштенија

Претседателот Стево Пендаровски присуствуваше на настанот „Ацо Шопов – Невообичаено“ којшто се одржа во рамки на чествувањето на 100-годишнината од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов, иницијатива под покровителство на Претседателот.

Настанот е во организација на Фондацијата „Ацо Шопов – Поезија“ и на истиот беа промовирани три книги: „Од онаа страна на Небиднината – Разговори со Светлана Шопова за Ацо Шопов“ од Иван Антоновски, „Ацо Шопов: Песна над песните – Избор од поезијата, размислите, критиките и архивскиот материјал“ од Јасмина Шопова  и „Небиднина – графички омнибус“, од Жарко Иванов, Иван Ивановски, Владимир Лукаш и Крсте Господиновски.

На настанот беа прикажани четири анимирани филмови инспирирани од четири песни на Ацо Шопов подготвени од продукцијата Флипбук, а дел од настанот беа и изложбите посветени на неговиот творечкиот опус „Патот по кој чекорам“ која беше поставена претходно во седиштето на УНЕСКО во Париз и „Величенствен поетски мост што ги поврзува сите континенти“ којашто беше дел од содржините на годинешните Струшки вечери на поезијата.

Чествувањето на големиот јубилеј – 100 години од раѓањето на македонскиот поет Ацо Шопов е во соработка со УНЕСКО којашто се вклучи во одбележувањето на јубилејот. По повод Светскиот ден на поезијата – 21 март, во седиштето на УНЕСКО во Париз се одржа меѓународен симпозиум во негова чест, поетски перформанс и изложба.

Во рамки на програмата за чествување на стогодишнината од раѓањето на Ацо Шопов одржани се бројни културно-образовни содржини во текот на целата година: мултимедијална уметничка изложба, омаж на Шопов во рамки на филмскиот фестивал Флипбук, предавање и лекторски часови по литература посветени на делото на Шопов, меѓународно чествување во рамки на Струшките вечери на поезијата, промоција на неговите книги, публикации како и научни собири во негова чест.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...