Сопругата на претседателот во посета на општина Шуто Оризари

1 јуни 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска денеска во Шуто Оризари ја посети градинката ЈОУДГ „8 Април“ и оствари средба со Здружението Иницијатива на правата на жените Ромки од Шуто Оризари.

По повод 1 Јуни – Денот на детето, на група деца кои ја посетуваат градинката ЈОУДГ „8 Април“, сопругата на претседателот заедно со колешки од Стоматолошкиот факултет, им одржа предавање на тема „Орална хигиена“.

При посетата на градинката, Ѓоргиевска беше запознаена со условите и функционирањето на градинката изградена според највисоки стандарди за предучилишна установа, во чии рамки се и високите стандарди за енергетска ефикасност и за пристапност вклучувајќи инклузивна опрема за игралишта со цел да им се обезбедат на децата со попреченост еднакви можности со нивните врсници.

Во рамки на средбата со Здружението Иницијатива на правата на жените Ромки од Шуто Оризари, Ѓоргиевска се запозна со резултатите од нивните досегашни активности во областа на дискриминацијата, социјалната и здравствената заштита за чиешто остварување делуваат како параправнички и теренски работнички.

Здружението Иницијатива на правата на жените Ромки од Шуто Оризари својата примарна цел девојките и жените Ромки да ги остварат своите социјални, економски и здравствени права на еднаква основа со другите жени, ја реализира преку активности за едуцирање, застапување и зајакнување.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...