Сопругата на претседателот на државата, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше на одбележувањето на светскиот ден на Алцхајмерова болест

21 септември 2019 | Aктивности, Соопштенија, Средби

Сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска денеска учествуваше и се обрати на одбележувањето на меѓународниот ден на Алцхајмеровата болест, 21 септември.

Во своето обраќање Ѓоргиевска посочи дека како и на светско ниво, така и кај нас се повеќе се зголемува бројот на болни од Алцхајмерова болест, најмногу поради фактот што е продолжен животниот век на населението. Според податоците од Светската здравствена организација, како што подвлече сопругата на претседателот на државата, Ѓоргиевска, се смета дека кај нас има околу 20 илјади заболени лица, но само 20% од нив се дијагностицирани и добиваат соодветен третман.

„Апел и да се формираат повеќе телефонски линии за поддршка, можеби формирање на невладини организации или конечно да се направи национален референтен центар каде што би се поставувала рана дијагноза, одреден правилен третман. И во крајна линија да се изработи и да се имплементира национална стратегија за Алцхајмерова болест којашто всушност би водела кон решавање на овој проблем“, истакна сопругата на претседателот на Република Северна Македонија, Елизабета Ѓоргиевска.

Истовремено, сопругата на претседателот, Ѓоргиевска апелираше да се зголеми јавната и професионалната свест за болеста, којашто се смета за епидемија на 21 век. На тој начин, како што истакна Ѓоргиевска, ќе се подобри грижата за болните, како и социјалната поддршка и реинтеграција на болните и нивните семејства во општеството.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...