Сопругата на претседателот со поддршка на мисијата на СОС Детско Село

20 март 2024 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска се обрати на настанот „Едно семејство“ што се одржа под нејзино покровителство, а во организација на СОС Детско село. Со овој настан СОС Детско село им оддава признание на пријателите, донаторите и на поддржувачите на оваа организација.

Обраќајќи се пред присутните, сопругата на претседателот истакна дека резултатите коишто СОС Детско село ги постигнува при грижата за децата во ризик и нивна поддршка, преку семеен модел за алтернативна грижа за деца, како и преку реализирање програми за социјална превенција, несомнено се темелат и на сесрдната поддршка на пријателите и поддржувачите. Таа додаде дека сите сме дел од едно семејство во коешто се грижиме за сите членови подеднакво, солидарни и хумани, грижливи и благородни.

„Посакувам ова семејство да се шири и да расте. И во останатите сегменти од општественото живеење, и во другите проекти, програми и при активности на други организации да покажеме корпоративна одговорност, индивидуален ангажман, општествена грижа. Како дел од заедницата, од неа добиваме, во неа растеме и се остваруваме, и треба сите според своите можности да даваме и да придонесуваме. И кога немаме можност од материјална поддршка, можеме да дадеме дел од своето слободно време,  да извршуваме волонтерска работа, да даруваме љубов, грижа и внимание“, истакна г-а Ѓоргиевска.

Г-ѓа Ѓоргиевска порача да останеме сплотени и солидарни, да не ја изгубиме човечноста и добродетелството, да не ги игнорираме желбата, мечтите и соништата, да продолжиме да создаваме, да се бориме, да даваме и даруваме. Таа на сите штитеници, вработени и на сите поддржувачи на СОС Детско село им посака здравје, љубов, среќа, радост, хармонија и успех.

Покрај доделувањето на признанија на компании, организации и индивидуалци за нивната поддршка, на настанот беа претставени и постигнувањата и корпоративните активности на СОС Детско село во изминатата година, а дел од настанот беше и концептуалната изложба на најважните активности, кампањи и проекти што ги сработија компаниите и СОС Детско село, а во чија изработка учествуваа и дечињата и младинците со што ја покажаа својата благодарност кон сите што им помогнаа.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...