Сопругата на претседателот, Ѓоргиевска дел од проектот „Трешн Фешн 2020“

30 ноември 2020 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот Пендаровски, Елизабета Ѓоргиевска, беше дел од 4-членото жири коешто ги оценуваше креациите на учениците од 14 средни училишта од Република Северна Македонија, изработени од реупотреба на различни отпадни материјали.

Средношколците изминатиот период собираа материјали, односно стара хартија, пластика, делови од стари компјутери, природни материјали и други предмети коишто можат да се реупотребат. Потоа, од истите изработуваа облека и модни додатоци. Целта на проектот „Трешн Фешн“, којшто повеќе од 10 години го организира здружението за едукација, комуникација и консалтинг ОХО, е да се намали отпадот преку негова реупотреба и да се подигне свеста кај учениците, но и кај пошироката јавност за важноста од здрава животна средина.

„Навистина ме воодушеви креативноста и потенцијалот на средношколците. Но пред се, импресионирана сум од исклучително развиена свест на овие млади луѓе за значењето и зачувувањето на животната средина, на природата и реупотреба на отпадот“, истакна Ѓоргиевска.

Досега, на овој натпревар учествувале речиси сите средни училишта од земјата и биле изработени повеќе од 400 модели и модни додатоци. Низ процесот на собирање материјали тимовите исто така, имаа задача да измерат колку отпад собрале. Годинава биле собрани повеќе од 3500 килограми отпад. А темата на која се изработуваа делата е „Супер херои за 2020 година“. Годинашната акција беше посветена на сите хероини и херои коишто беа на првите борбени линии при справување со пандемијата на Ковид-19 и коишто постојано беа изложени на ризик.

Победник на годинешниот „Треш Фешн“ е тимот од средното општинско училиште „Богданци“ од Богданци составен од ученичките Стефанија Ангова, Цветанка Атанасова и Габриела Костевска, под менторство на Весна Ристовска. Второто место им припадна на Марија Станојовска, Александра Мирческа и Антонио Ѓурчиноски, ученици од СОУ „Ѓорче Петров“ од Прилеп и нивната менторка Марта Макеска. Јована Иванова и Софија Пецева и нивната менторка Маргарета Спасов, од СОУ „Никола Карев“ од Струмица го освоија третото место. Специјалната награда за најголема количина собран отпад ја добија учениците од СОУ „Коста Сусинов“ од Радовиш, односно Марија Прастова, Верица Георгиева и Косара Ѓорѓиева, под менторство на Катерина Сусунова.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...