Средба на претседателката Сиљановска Давкова со претставници на меѓународната конференција „ГРЕДИТ 2024“

16 мај 2024 | Соопштенија, Средби

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова денеска ги прими претставниците на петтата меѓународната конференција за зелен развој, зелена инфраструктура и зелени технологии „ГРЕДИТ 2024“ којашто од 16 до 18 мај се одржува во организација на Машинскиот факултет и Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, а во рамки на БЕНА – Балканската асоцијација за животна средина.

На средбата се разговараше за значењето на зелената агенда за регионот и пошироко како приоритет за зачувување на животната средина и здравјето на граѓаните.

Соговорниците ѝсе заблагодарија на претседателката Сиљановска Давкова за можноста да ѝги пренесат своите размислувања и погледи во однос на состојбите и начините за  остварување на одржлив развој на мултидисциплинарен начин.

Во таа насока, беше истакнато дека е значајна соработката меѓу сите чинители, носители на одлуки, експерти и активисти за придонес кон зелениот развој за позелена и поздрава иднина за сите.

Претседателката Сиљановска Давкова им посака успешна конференција и плодна работа изразувајќи уверување дека со своите трудови и идеи ќе придонесат за зелениот развој, зелената инфраструктура и зелената технологија во регионот и севкупно во светот.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не е давање предност, туку отстранување на пречките и создавање еднаков терен за сите

Сиљановска-Давкова: Родовата еднаквост не е давање предност, туку отстранување на пречките и создавање еднаков терен за сите

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на отворањето на настанот за промоција на наодите од Родовата самопроценка и Родовиот акциски план за унапредување на родовата еднаквост во Министерството за одбрана и во Армијата како дел од сеопфатната реформа на...

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во посета на Гостивар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во посета на Гостивар

На 19-ти мај, Денот на сеќавањето на големиот реформатор и основач на Турската Република, Кемал Ататурк, како и Денот на младите и спортот, којшто го слават припадниците на турската заедница, Сиљановска-Давкова ги посети OOУ „Мустафа Кемал Ататурк“ и здружението...

Обраќање на свечената академија по повод 80-годишнината од основањето на македонскиот Црвен крст

Обраќање на свечената академија по повод 80-годишнината од основањето на македонскиот Црвен крст

Почитуван Генерален секретар на Црвениот крст, господине Саити, Почитуван претседател на Црвениот крст, господине Велев, Почитуван Претседател на Собранието, господине Гаши, Ценети министри, екселенции, Почитувани волонтери на Црвениот крст, Драги пријатели, Кога...

Сиљановска-Давкова ја прими Беате Мајнл-Рајсингер, министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија

Сиљановска-Давкова ја прими Беате Мајнл-Рајсингер, министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари средба со Беате Мајнл-Рајсингер, сојузна министерка за европски и меѓународни работи на Република Австрија, на којашто беа потврдени одличните политички односи, засновани на почит и разбирање и нотирана   развиената и...