Обраќање на г-а Ѓоргиевска на финалната конференција од проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“

17 јули 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска се обрати на финалната конференција од проектот „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид-19“ што се одржа во Охрид под нејзино покровителство. Во своето обраќање пред присутните, сопругата на претседателот истакна дека верува дека со овој настан ќе се постигнат две цели: придонес кон поголема препознатливост и вмрежување на женските бизниси и пренесување на пораката дека родовата еднаквост и економското учество на жените се еден од клучните предуслови за одржлив и инклузивен развој на македонското општество и економија.

„Економското зајакнување на жената е истовремено индикатор за нивото на демократизација на општеството, но и патоказ кон поправеден економски развој во кој ќе има место за секого. Економското зајакнување на жената е зајакнување на општеството во целост и претставува инвестиција во иднината и гаранција за просперитетот на државата“, нагласи Ѓоргиевска.

Говорејќи дека жените во Северна Македонија во континуитет се посветени кон позитивните општествени промени за што сведочат успесите на жените претприемачки, Ѓоргиевска истакна дека останува уште многу да се направи за што е потребен заеднички ангажман за  отстранување на бариерите што го попречуваат целосното и праведно вклучување на жените во секоја сфера од развојот на државата, како нераскинлив дел од економската стабилност, социјалниот напредок и демократските вредности.

„Во оваа насока, неопходни се мерки и активности за поттикнување на женското претприемништво и создавање на поволна деловна клима за економско зајакнување на бизнисите предводени од жени“, истакна Ѓоргиевска и додаде дека од особена важност во насока на поттик и развој на женското претприемништво е организирањето на ваков вид на настани кои овозможуваат промовирање на позитивни бизнис приказни и практики на жените, развивање на професионален пристап на жените кои сакаат да отворат свои бизниси, да се мотивираат и да се поттикнат жените да влезат во бизнис светот и да ги остварат своите потенцијали.

На конференцијата се обратија и Неда Малеска-Сачмароска, извршна директорка на Центарот за управување со промени, Џејмс Стајн, претставник на канцеларијата на УСАИД во земјава и Кирил Пецаков, градоначалник на Општина Охрид. Настанот е во организација на Центарот за управување со промени поддржан од БТД и УСАИД.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...