Обраќање на сопругата на претседателот на мултимедијалниот настан на карaванот „Остави трага“

20 август 2023 | Aктивности, Соопштенија

 

Сопругата на претседателот Елизабета Ѓоргиевска се обрати на мултимедијалниот настан на карванот „Остави трага“ што се одржа во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид.

Во своето обраќање пред присутните, г-а Ѓоргиевска се осврна на образованието, инклузијата, волонтерството и менталното здравје како значајни области кога станува збор за поддршка на младите лица. Говорејќи за образованието, особено за мобилноста, таа истакна дека уште од периодот на нејзиното образование била дел од истражувачките тимови на различни универзитети користејќи различни образовни програми и им порача на младите да бидат активно ангажирани за нивното образование.

„Денеска имате огромен број на можности коишто младите треба и мора да ги искористат за да бидат дел од едно глобално истражувачко семејство каде преку вмрежување ќе ги добиваат најновите информации од полето коешто се интересираат,  и секако подоцна да се вратат во татковината да ги споделат своите знаења и искуства“, истакна г-а Ѓоргиевска.

Во однос на волонтирањето, г-а Ѓоргиевска истакна дека е многу важно младите уште од најмала возраст да имаат можност да волонтираат во областа на секој од свој интерес, односно да се запознаат со проблемите со кои се соочуваат луѓето кои се во нивната околина бидејќи на таков начин се развива солидарност, хуманост, емпатија, а дополнително може да се поврзат повторно со луѓето од својата околина и исто така, можеби да го пронајдат начин со кој ќе функционираат, ќе живеат и ќе се едуцираат во иднина.

Истакнувајќи ја важноста за комплетна инклузија на лицата со попреченост г-а Ѓоргиевска нагласи дека е важно да ги гледаме од аспект на тоа што тие можат да направат и да ја видиме нивната способност, нивната вештина, а не да зборуваме за попреченоста.

Ѓоргиевска, истакна и дека во дигиталната ера младите честопати се жртви на врсничко, физичко или емоционално насилство, кои честопати остануваат незабележани затоа што не се зборува за нив и затоа се потребни дискусии и проекти коишто го промовираат менталното здравје кај младите.

На крајот, сопругата на претседателот на младите им порача да се фокусираат на своите интереси, да не потклекнуваат на предизвиците, ако имаат проблем, да разговараат за тоа, да се обратат кон родителите, кон блиските, кон наставниците затоа што заслужуваат подобро.

„Посветете се на образованието, учете, истражувајте и не дозволувајте некој да ве обесхрабри и да ве направи да се чувствувате дека сте помалку вредни, затоа што младоста асоцира на храброст, енергија, визија, елан. Создавајте пријателства, бидете амбициозни и придонесете кон подобра иднина за вас и за оние што доаѓаат после вас. Само на таков начин ќе оставите трага“, порача сопругата на претседателот.

Настанот којшто е со регионален карактер и е дел од серијата јавни настани насловени „Дојди раскажи ја својата приказна – Остави трага“ се спроведува од Институтот за добро управување и евроатлантски перспективи заедно со Министерството за труд и социјална политика и со поддршка на проектот за борба против омразата и нетолеранцијата од заедничката програма на Европската Унија и Совет на Европа „Хоризонтален инструмент за Западен Балкан и Турција“. На панелот заедно со г-а Ѓоргиевска се обратија и министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и министерката за одбрана Славјанка Петровска.

Целта на настанот е да се поттикнат младите да го зголемат нивното општествено учество, активацијата и подигање на свеста за еднаквоста во општеството. На настанот учествуваше групата „Шербет“, а за време на истиот беше изведена мини пиесата „Среќа“ на Интимен театар Битола, додека дел од студентите на Меѓународниот Балкански Универзитет – Факултетот за уметност и дизајн, изготвија уметнички дела на платно.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...