Во рамки на активноста Отворен Кабинет, „Вила Билјана“ во Охрид ја посетија претставнички од Националната платформа на женско претприемништво, претприемачки кои учествуваа на базарот во рамки на финалната конференција „Мерки за зајакнување на женски бизниси по Ковид -19“, претставнички од Центарот за управување со промени, како организатори на конференцијата и УСАИД со чија поддршка се реализира програмата за жени претприемачки.
Во рамки на посетата, на посетителите им беа претставени историски податоци за вилата „Билјана“, беа информирани за работата и надлежностите на претседателот Пендаровски, а ги посетија и просториите во коишто се реализираат официјалните и работните средби.
Посетителите имаа можност и да се сретнат и лично да поразговараат со претседателот Пендаровски и неговата сопруга, Елизабета Ѓоргиевска.