Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со поддршка на активностите ХелтХаб

28 септември 2022 | Aктивности, Соопштенија

Во канцеларијата на претседателот МладиХаб од денеска почнуваат со реализација активностите ХелтХаб (HealthHub) коишто се иницијатива на Здружението на студенти по медицина – ЗСМ, а со поддршка на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и Министерството за здравство.

На отворањето на Хелтхаб се потпиша Меморандум за соработка помеѓу Миле Бошњаковски, генерален секретар на Кабинетот на претседателот, Беким Сали, министер за здравство и Љубица Баткоска, претседател на Здружението на студенти по медицина – ЗСМ.

Поздравувајќи ја иницијативата ХелтХаб чија цел е креирање на можности и создавање на простор за совладување на потребните вештини за решавање  на  јавно-здравствени предизвици, како и создадавање на еднаквост во здравството, Ѓоргиевска ја изрази својата поддршка на младите во нивните активности  поврзани со унапредување на здравјето, здравствената заштита и здравата животна средина.

Сопругата на претседателот истакна дека вложувањето во континуираната професионална наобразба на младиот кадар во областа на здравството и примената на стекнатото знаење во пракса се значајни за унапредување на здравствените услуги и јавното здравје.

Министерот за здравство, Беким Сали во своето обраќање го поздрави почетокот на функционирањето на Хелтхаб истакнувајќи дека заедничка заложба е насочување на  активностите на Хелтхаб кон зајакнување на поддршката за заштита и унапредување на правата на лекарите и студентите по медицина.

Во рамки на ХелтХаб, во канцеларијата на претседателот МладиХаб ќе се организираат настани за подигање на јавната свест и едукација на населението за актуелни теми во општеството од областа на медицинските науки, трибини и дискусии за земање активно учество во креирањето на политиките насочени кон студентите по медицина, настани поврзани со стручното усовршување на студентите по медицина и за унапредување на здравјето на населението преку научно базирани сознанија.

ХелтХаб ќе работи на унапредување на превентивната здравствена заштита, зацврстување на позицијата на младите лекари и студентите во општеството, како и на изнаоѓање креативни и иновативни решенија за решавање на здравстените проблеми на населението.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...