Сопругата на претседателот учествуваше на панел дискусијата “Пристап до третман и до услуги за рано детектирање”

6 февруари 2023 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска, учествуваше на панел дискусијата “Пристап до третман и до услуги за рано детектирање” по повод одбележувањето на 4-ти февруари, Светски ден на борба против ракот, што се одржа во Europe House, Скопје.

Панел дискусијата е продолжеток на успешната серија дебати на теми од здравството реализирани со поддршка на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и ЕУ амбасадорот Дејвид Гир во соработка со Клубот на млади лекари.

Обраќајќи се пред присутните на настанот, сопругата на претседателот, г-а Ѓоргиевска истакна дека во борбата против ракот значајна е адекватната промоција на здравите навики во кои спаѓаат правилниот начин на живот, правилната исхрана и физичката активност. Според г-а Ѓоргиевска, исклучително е важна и секундарната превенција при што државата треба да обезбеди да може секој да биде подложен на раните скрининзи.

„Исклучително е важно секоја жена и секој поединец да има достапност до овој ран скрининг затоа што, сите знаеме, превенцијата колку и да чини, сепак е многу помалку отколку да се третира. И не само економски, туку исклучително е важно да се посвети многу внимание на психолошкиот момент кај болните од канцер“, истакна сопругата на претседателот додавајќи дека исклучително е важно и психолошкиот момент да се третира кај овие пациенти и кај нивните семејства затоа што ова претставува болест на целото семејство.

Според г-а Ѓоргиевска, за веќе заболените лица мораме да обезбедиме најсовремена терапија.

„Сите знаеме дека последните месеци имаше проблем во снабдувањето со терапија. Тоа навистина не смее да се случува односно тие пациенти мораат да ја добијат најсовремената терапија. Сега имаме иновативни лекови коишто можат многу да направат“, рече сопругата на претседателот.

На настанот претставниците од здравствените установи и граѓанскиот сектор и пациентите, дискутираа за пристапот до третман на заболените од рак, пристапот до услугите за негово рано детектирање и други прашања поврзани со состојбите на оваа болест кај нас кои имаат есенцијална важност.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Честитка од претседателот Пендаровски по повод Рамазан бајрам

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот муслимански празник Рамазан бајрам, упати честитка до граѓаните од исламска вероисповед во Република Северна Македонија и до поглаварот на Исламската верска заедница Реис-ул-улема х. хфз. Шаќир еф. Фетаху. Почитуван...

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Средба на претседателот Пендаровски со делегација на Пацифичкиот Совет од САД

Претседателот Стево Пендаровски денеска прими делегација од Пацифичкиот Совет од САД, која престојува во посета на нашата држава. Истакнувајќи дека Соединетите Американски Држави се наш најголем стратешки партнер и сојузник во НАТО, претседателот Пендаровски посочи...

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Средба на претседателот Пендаровски со лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан

Претседателот Стево Пендаровски денеска го прими лорд Стјуарт Пич, специјален претставник на Обединетото Кралство за Западен Балкан. Двајцата соговорници разменија мислења за актуелните случувања во регионот на Западен Балкан, за стратешките интереси на земјава и...

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Средба со Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување  на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР)

Претседателот Стево Пендаровски, денеска ја прими Џилиан Стирк, Шеф на мисијата за набљудување на претстојните избори (ЕОМ) на ОБСЕ – Канцеларија за демократски институции и човекови права (ОДИХР). На средбата претседателот Пендаровски беше запознаен со планираните...

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Честитка од претседателот Пендаровски до верниците кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот календар

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до д-р Киро Стојанов, Скопски бискуп и епарх струмичко-скопски, и до сите христијански верници кои го прославуваат Велигден според Грегоријанскиот...