Средба на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со претставници на Фондот за население на Обединетите Нации

21 јуни 2022 | Aктивности, Средби

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска ги прими претставниците на Фондот за население на Обединетите Нации, Aртур Ерен, директор на Одделот за политики и стратегии , Џон Кенеди Мосоти, претставник за Босна и Херцеговина и директор за Србија, Северна Македонија и Косово, Афродита Шаља, шефица на канцеларијата во Северна Македонија и Стефанија Лета, регионален деск специјалист.

На средбата се разговараше за досегашната одлична соработка на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска и Кабинетот на претседателот со Фондот за население на Обединетите Нации при што беа разгледани и приоритетните области на коишто се насочени активностите во регионот и во нашата земја. Притоа, стана збор и за можните модалитети за идна соработка на теми и прашања кои се значајни за подигање на јавната свест со цел постигнување на ефективни решенија за нивно решавање.

Соговорниците констатираа дека телесната автономија, малолетничките бракови, како и родово-базираното насилство се теми кои постојат во секое општество вклучително и во нашата земја и во таа насока треба да се посвети повеќе внимание.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

По повод 5 Мај – Денот на македонскиот јазик, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: Почитувани сограѓани, Нека ни е честит 5 Мај – Денот на македонскиот јазик. Пред точно 79 години беше озаконета македонската азбука со што континуираниот развој на...

Порака од претседателот Пендаровски по повод Денот на македонскиот јазик

Честитка од претседателот Пендаровски по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден

Претседателот Стево Пендаровски, по повод големиот христијански празник Воскресение Христово – Велигден, упати честитка до поглаварот на Македонската Православна Црква – Охридска Архиепископија, митрополит скопски, архиепископ охридски и македонски и на Јустинијана...

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Пендаровски на одбележување на 121-годишнината од смртта на Гоце Делчев

Претседателот Стево Пендаровски денеска положи свежо цвеќе на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Свети Спас“ во Скопје, по повод 121-годишнината од неговата...

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Порака од претседателот Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите

Претседателот Стево Пендаровски по повод 3 Мај − Светскиот ден на слобода на медиумите, ја упати следната порака: „Слободата на медиумите е еден од темелите на демократските вредности и е од суштинско значење за демократскиот развој на македонското општество....

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

Порака од претседателот Пендаровски по повод 1 Мај, Денот на трудот

По повод 1 Мај, Денот на трудот, претседателот Стево Пендаровски ја упати следната порака: „Човечкиот е најскапоцениот ресурс за секоја држава. Фактот дека голем дел од развиените демократии денес се соочуваат со недостиг на работна сила, е аларм за сите нас дека...