Претседателката Сиљановска-Давкова преку видео-конференциска врска оствари разговор со припадници на Армијата упатени во мировни операции

28 декември 2024 | Обраќања, Соопштенија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска во касарната „Страшо Пинџур“ во Петровец, преку видео-конференциска врска оствари разговор со припадници на Армијата упатени во мировни операции „КФОР“ во Косово, УНИФИЛ во Либан, АЛТЕА во БиХ, како и мисиите во Романија, Бугарија и во Латвија.

Во своето обраќање до мировниците и до нивните семејства Претседателката им посака убави новогодишни празници и среќна Нова година.

„Горда сум на нив, но подеднакво сум горда и на нивните прекрасни фамилии и дечиња. Им посакав работата да ја завршат успешно, верувајќи во нивната способност и решеност. Уживав во друштвото на членовите на нивните семејства, а особено на прекрасните дечиња за кои Министерството за одбрана подготви новогодишна програма“, истакна претседателката Сиљановска-Давкова по разговорот со припадниците на Армијата и средбата со членовите на нивните семејства.

Во продолжение е интегралниот текст од обраќањето на претседателката Сиљановска-Давкова.

Не можам a да не го повторам она што веќе го кажав во Собранието. Јас сум горда на Aрмијата. Не сум милитантен лик, миротворка сум, Гандиевка сум. Меѓутоа, она што го видов и за време на пожарите, она што го видов и за време на средбите, она што го гледам и читам од извештаите навистина ме уверува дека имаме армија, не само што е во рамките на НАТО, туку е почитувана aрмија. Горда сум и на овие луѓе, бидејќи се во миротворни мисии, но најгорда сум овде на нивните прекрасни фамилии и дечиња. Навистина, многу му благодарам на Министерот за одбрана, бидејќи ова што се случува овде ќе нѐ спои со нивните родители и мислам дека нема да има погорди од нив на своите татковци во мисиите. Но, најгорда на сите нив е државата Македонија. Заедно со мене ќе размениме мисла, убедена сум дека се во ред, убедена сум дека сè што прават, прават заради доброто на човештвото и кога некој е во мировна мисија, тоа треба навистина да се почитува. Треба да се цени и мислам дека сите тоа го правиме, најмногу јас.

Да си ја завршите работата професионално, дисциплинирано како што треба. Да се вратите здрави и живи, да бидете во постојан контакт со нас и со вашите семејства, да бидете сигурни дека во ваше отсуство ние ќе се грижиме за нив. Нашите мисли се со вас. Она што го правите навистина е за огромен респект. Од срце ви посакувам најубава 2025 година, вам, на вашите дечиња, на вашите семејства.

Ви благодарам.

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Сиљановска-Давкова во пресрет на COP31: Климатските обврски да ги претвориме во конкретни инвестиции и мерливи резултати

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска се обрати на настанот „Национален дијалог во пресрет на СОР31“, организиран од УНДП во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање и Министерството за енергетика, рударство и минерални...

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Средба на претседателката Сиљановска-Давкова со словачкиот министер за надворешни и европски работи, Јурај Бланар

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска го прими министерот за надворешни и европски работи на Словачката Република, Јурај Бланар, кој престојува во официјална посета на земјава. На средбата беа потврдени пријателските македонско-словачки односи. [gallery...

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Сиљановска-Давкова ги прими акредитивите на новоименуваната британска амбасадорка, Сивањанам

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги прими акредитивните писма од Н.Е. г-а Маја Сивањанам, вонредна и ополномоштена амбасадорка на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска. Сиљановска-Давкова...

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Сиљановска-Давкова: Монетарната и финансиската стабилност се јавно добро чиишто придобивки ги споделува целото општество

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова се обрати на свеченоста по повод 80-годишниот јубилеј на централнобанкарското работење на Народната банка, којашто се одржа во Музејот на Народната банка. Таа говореше за Народната банка, за нејзината трансформација во...

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Сиљановска-Давкова ја прими претседателката на косовското Собрание, Хаџиу

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ја прими Албулена Хаџиу, претседателка на Собранието на Република Косово, која престојува во официјална посета на државава. Таа искажа задоволство од развојот на македонско-косовските...