Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска во посета на Битола

8 јуни 2022 | Aктивности, Соопштенија

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска при денешната посета на Битола го посети ОУ „Ѓорги Сугарев“ по повод прославата на матурата на учениците од Центарот за поддршка на учењето на деца со попреченост каде што со специјалните едукатори и рехабилитатори разговараше за тековните активности и одвивањето на наставата, додека учениците изведоа рецитации и танцувачка нумера. Во училиштето, сопругата на претседателот го посети и кабинетот за сензорна интеграција при што директорот на училиштето, Роберт Филиповски ја запозна со предизвиците со кои се соочуваат при реализирањето на активностите.

По повод отворањето на Школата за дијабетичари во oпштина Битола, г-а Ѓоргиевска оствари средба со Здружението на дијабетичари од oпштина Битола на којашто беше информирана за плановите за реализација на едукативната програма и важноста на едукацијата за превенирање, рано откривање и адекватен третман на ова заболување.

Сопругата на претседателот ги посети и студијата на дизајнерките и претприемачки „Le Brand“ на Лили Кадинска и „Minnimal“ на Марија Десанова и Билјана Силјановска, како дел од нејзините активности за поддршка на жените занаетчики и претприемачки во земјава. Во студиото на дизајнерката Лили Кадинска ѝ беше претставен процесот на изработка на различни креации и плановите за иднина, a дополнително беше информирана дека дел од приходите кои ги остварува при продажбата на некои од производите ги донира во фонд за поддршка на жените жртви на насилство и самохрани мајки. Во ателјето на дизајнерките Марија Десанова и Билјана Силјановска ѝ беше претставена најновата колекција и беше информирана за иновативниот начин на произведување и продавање на облека. Во разговорите г-а Ѓоргиевска беше запозната со предизвиците со кои се соочуваат жените кои отпочнуваат и развиваат бизниси во земјата, како и потенцијалот кој го носи женското претприемништво за поддршка на економскиот развој на земјава.

Посетата на Битола, сопругата на претседателот ја заврши со посетата на кафетеријата „Улаф сте“ во Старата битолска чаршија којашто ја менаџираат лица со оштетен слух. Во неформалниот разговор со вработените, г-а Ѓоргиевска ја слушна нивната животна приказна која ги мотивира и другите да веруваат во себе и да креираат успешни приказни.

 

Категории

Categories

Kategori

Последни вести

Latest news

Lajmet e fundit

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Посета на ученици од ООУ „7 Марси“ и ООУ „Љубен Лапе” во рамки на Отворен Кабинет

Ученици од ООУ„7 Марси“ од Липково и од ООУ „Љубен Лапе" од Скопје, во рамки на активноста Отворен Кабинет, денеска се сретнаа и поразговараа со претседателот Пендаровски за неговата работа, за претседателските надлежности и активности. [gallery...

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Ѓоргиевска: Мора системски, институционално да се искорени дискриминацијата и задскриената маргинализација

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска присуствуваше и се обрати на завршната регионална конференција „Предизвици со кои се соочуваат жените и девојчињата во регионот на патот кон ЕУ – Гласно и храбро ги поместуваме границите“. Конференцијата е во...

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Активности на сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска со сопругата на австрискиот претседател, Дорис Шмидауер

Сопругата на претседателот, Елизабета Ѓоргиевска заедно со Дорис Шмидауер, сопруга на сојузниот претседател на Република Австрија, Александер Ван Дер Белен коишто престојуваат во официјална посета на Република Северна Македонија, денеска во Канцеларијата на...

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателите Пендаровски и Ван дер Белен се обратија на Македонско-австрискиот економски форум

Претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен, во рамки на официјалната посета на австрискиот претседател на Република Северна Македонија, денеска се обратија на Македонско-австрискиот економски форум „Зајакнување на деловните односи меѓу...

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Претседателот Пендаровски и претседателот Ван дер Белен положија венци на гробот на Гоце Делчев во црквата „Св. Спас“

Во рамки на официјалната посета на сојузниот претседател на Република Австрија на Република Северна Македонија, претседателот Стево Пендаровски и претседателот Александер Ван дер Белен положија венци на гробот на македонскиот револуционер Гоце Делчев во црквата „Св....